18.8 C
Скопје
20:25 - 5 октомври, 2022

Алпинисти за прв пат во историјата во зима го освоија „К2“ – вториот највисок врв во светот

Instagram

Десетмина алпинисти од Непал само што влегоа во историјата на планинарењето, откако денеска го искачија на 8.611 метри надморска височина и го освоија врвот „К2“ – вториот највисок врв на светот.

Врвот „К2“ се наоѓа во северниот дел на Пакистан, во непосредна близина на границата со Кина. До денес, важеше за последниот врв со висина од 8.000 метри кој ниту еден тим не успеа да го искачи во зима.

Instagram
Instagram

Ова е еден од најтешките и најопасни врвови за искачување во светот. За жал, при денешното искачување загинал шпанскиот алпинист Серхи Минготе.

Историја за човештвото, историја за Непал!“, напиша Нирмал Пурџа на својот инстаграм-профил.

Instagram
Instagram

Овој успех е резултат на исклучителна соработка на група непалски планинари, кои поделени во два тима се качувале кон врвот, и во последниот дел од качувањето се здружиле и заедно стигнале до врвот.

Instagram
Instagram

Ова е многу посебен момент. На десет метри под врвот, се собравме сите за да формираме група која заедно ќе стапне на врвот, додека ја пее непалската химна“, изјави Пурџа.

Многумина го сметаат искачувањето на врвот „К2“ за потешко и поризично дури и од Монт Еверест.

Instagram
Instagram

Оваа зима е предвидено уште едно искачување, од тим составен од планинари од целиот свет, кои се дел од три меѓународни експедиции.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

(ВИДЕО) Ураганот од епски размери стигна до Флорида, 2,5 милиони луѓе беа повикани да се евакуираат

Еспресо

„Супер лут предизвик“ – Во петок во Кавадарци натпревар во јадење лути пиперки

Еспресо

Нешто се случува со Фејсбук: Корисниците пријавуваат чудни објави на нивните страници

Еспресо

Украина го насмеа светот: „Му благодариме на овој руски турист што ги откри позициите на руските ракетни системи S-400“

Еспресо

Русите објавија видео од наводниот убиец на Дугина: Изнајмила стан во истата зграда и ја набљудувала

Еспресо

Потврден првиот случај на мајмунски сипаници во Хрватска: Станува збор за маж кој престојувал во Италија и во Швајцарија

Еспресо
Се вчитува....