23.8 C
Скопје
15:40 - 19 октомври, 2026

Џесика Алба откри дека ги шпиунирала своите деца преку скриени камери

Instagram

Холивудската актерка Џесика Алба е мајка на три деца, ќерките Онор Мари, Хевер Гарнер и синот Хејс.

Како и секоја мајка, така и холивудската актерка се обидува ништо да не им недостанува на нејзините деца, но со оваа нејзина изјава ги зачуди своите обожаватели.

Актерката изјави дека се обидува постојано да ги контролира нејзините деца. Таа инсталирала камери во сите детски соби за да ги следи како напредуваат со нивното учење, имајќи го предвид фактот дека поради пандемијата на коронавирусот и нејзините деца следат „онлајн“ настава.

Profimedia
Profimedia

„Секако дека ги опоменувам ако не обраќаат внимание на она што наставникот им го кажува! Имам свои скриени камери преку кои можам да видам дали се фокусирани или се шегуваат. Ако случајно се испокараат, можам да го премотам видеото за да проверам кој почнал прв“, гордо објасни Алба.

Instagram
Instagram

Таа воедно откри дека нејзините деца не знаеле со што се занимава нивната мајка до пред неколку години.

„Се сеќавам кога Онор беше прво одделение, еден ден се врати дома целата тажна и ме праша: „Зошто не ми рече дека си славна личност?“. Таа се чувствуваше изневерена затоа што не знаеше што работам, а една соученичка и донела списание на кое сум на насловна страна. На Онор не и беше јасно што бара нејзината мајка во веникот“, се потсети актерката низ смеа.

Instagram
Instagram

Алба вели дека и двете ќерки долго време мислеле дека нивната мајка работи за еколошки одобрена компанија за козметика „The Honest Company“, која ја основала, а нејзиниот син Хејс има само три години, па очигледно и не размислува за нејзината професија.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.
Се вчитува....