20:03 - 8 ноември, 2026

Помош во кујната: На кои начини можете да го искористите оризот

unsplash

Оризот го сакаат сите, а освен совршен прилог или додаток во јадењата, се смета за диетална храна. Но постојат уште начини за користење на оризот, кои немаат врска со готвењето. Тој може да ви биде одличен помошник во кујната, со оглед на својствата да впива влага и задржува топлина.

Во соларник – Сигурно ви се случило солта тешко или никако да не излегува од соларникот, бидејќи е згрутчена. Ставете во соларничето неколку зрна ориз и добро протресете. Проблемот ќе биде решен засекогаш. Оризот ќе ја впива влагата и солта нема да се згрутчува.

Како термофор – Ако ви се случи да ве боли стомак, добредојден е термофор со кој ќе го затоплите. Но ако немате термофор, оризот може да послужи како одлична замена. Со оглед дека задржува топлина, загрејте го во микробранова печка, ставете го во чорапа и за миг имате импровизиран термофор.

Чистење на мелницата за кафе – Ако не можете добро да ја исчистите мелницата од ситни остатоци од кафе, ќе ви помогне оризот. Сомелете мала количина ориз која ќе се измеша со остатоците од кафе и испразнете го апаратчето.

Чистење електроника – Една од најлошите незгоди е кога некој електронски уред ќе се натопи со вода. Не можете да го исушите или да го избришете. На пример, ако мобилниот телефон или далечинскиот управувач сте ги натопиле со вода, ставете ги во сад полн со ориз да стојат неколку часа или цела ноќ. Оризот како кај солта, ќе ја впие влагата и уредот ќе работи без проблем.

Чистење кутии – Ако користите пластични кутии дома, на лесен начин можете да ги исчистите ако во нив ставите околу два сантиметра ориз и дупло вода. Затворете ја кутијата и протресете ја. Оризот ќе ја исчисти целата останата нечистотија.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....