22:11 - 1 ноември, 2026

Бела Торн застана во одбрана на својот колега: Нема шанси тој да е канибал

Instagram

Актерката Бела Торн застана во одбрана на својот колега Арми Хамер, кој периодов се соочува со обвиненија за бизарни сексуални фантазии и канибализам.

Имено, Бела на својот инстаграм-профил сподели фотографија од него покрај која напиша дека станува збор за ширење лажни информации.

„Искрено, не можам да верувам во ова… Луѓето се луди и го лажираат ова. Жал ми е за него и неговите деца… Оставете ги него и неговото семејство на мир. Нема шанси тој да е е*ен канибал“, напиша 23-годишната актерка, која воедно истакна дека на Интернет кружат милиони „принтскрин“ слики од екран.

Instagram
Instagram

Поранешната девојка на актерот, Кортни Вуцековиќ, неодамна откри дека додека била во врска со актерот, тој ѝ рекол дека сака да ја „испече“ и „изеде“.

Хамер своите „груби“ сексуални преференции ги објави во интерјву за „Плејбој“ во 2013 година.

„Ми се допаѓа гребање по вратот и косата и сето тоа. Но, тогаш влегувате во брак и вашите сексуални апетити се менуваат. Мислам, не можете да ја влечете вашата сопруга за коса“, изјави тој, но подоцна тврдеше дека бил пијан за време на интервјуто и дека не се сеќава на ништо.

Instagram
Instagram

Хамер поради сегашниот скандал го паузираше и снимањето на филмот со Џенифер Лопез и се повлече од јавноста.

„Во очи на злобните и лажни напади врз мене, не можам со мирна совест сега да ги оставам моите деца на четири месеци за да снимам филм во Доминиканска Република. Лајонсгејт ме поддржува во ова и навистина сум им благодарен“, изјави актерот за „Пејџ Сикс“.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Алка Вуица се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Жал ми е што не ти напишав повеќе песни“

К.С.
Се вчитува....