12.8 C
Скопје
09:35 - 3 октомври, 2026

Врската или бракот ви е пред крај? Ова се 4 сигурни знаци дека морате добро да се запрашате за вашиот однос!

Семејните психолози научиле да го предвидат разводот на бракот врз основа на неколку знаци

 

Најчесто, ако во односот со партнерот постојат слични несогласувања, тогаш нивниот заеднички живот е осуден на пропаст. Секако, паровите често се среќаваат со проблеми и конфликти, а токму тие разидувања можат да бидат последната капка во чашата.

 

Токму овие 4 знаци покажуваат дека најверојатно наскоро ќе се разделите…

 

Ве критикуваат вас, а не вашите постапки

 

Ова е неконструктивна критика од партнерот. Во овој случај, сопругот или сопругата се лути на карактерните особини и личноста на партнерот. Сето тоа може да се сведе на фразите “ти никогаш…”, “зошто си таков (а јас)…”, “ти секогаш…” итн. Притоа, доколку нешто не оди според планот, виновникот за проблемите не се околностите во кои сте се нашле, туку сопругот или сопругата.

 

Нападот е најдобра одбрана

 

Еден од партнерите постојано мисли дека од него другиот е постојано незадоволен и дека постојано го критикува? Во овој случај тој пробува да ги оправда своите постапки или на критиката одговара со критика. Како резултат се јавуваат бескрајни обвинувања помеѓу партнерите.

 

Презир

 

Почитувањето е основа на сите добри односи, без оглед дали станува збор за брак или врска. Непочитувањето и презирот се убијци на бракот. Ако партнерот јавно ја исмева својата друга половина или си дозволува да користи навредлив сарказам и разни надимаци, тогаш треба сериозно да се замислите за ваквата ситуација.

 

Бегање од конфликти

 

Ако личноста се повлекла во себе и не сака да разговара, најдобро решение е да и се даде време да размисли во мир и тишина. Тоа воопшто не значи дека партнерот не сака да разговара со вас. Едноставно понекогаш на човекот му е потребно да биде сам за да сфати што се случува.

 

 

Слични објави

(Видео) Александра Пријовиќ оживеа фолк-хит од 2005 година, „Тикток“ полуде по песната

Еспресо

Јелена Спенџарска доживеа необична средба во такси во Скопје: „Возачот ми покажа наша фотографија стара повеќе од една деценија“

Еспресо

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ секојдневно се слушаат — нивната ќерка наскоро се сели во Милано

Еспресо

(Фото) Медениот месец не ѝ започна според планот – Аница Лазиќ ја опиша драмата на патот кон Италија

Еспресо

Катарина Живковиќ откри дека посакува уште едно дете: „Подготвена сум за второ“

apostolova

Каролина Гочева го донесе холивудскиот гламур во Скопје: Блесна во бела креација покрај Хосе Карерас

Еспресо
Се вчитува....