2.8 C
Скопје
04:59 - 24 октомври, 2024

Трикови со кои ќе го поттикнете интелектуалниот развој кај децата

Детскиот ум е како сунѓер и во него лесно се врежуваат нови работи. Детството е добар период од животот за децата да научат некои работи кои ќе го поттикнат нивниот интелектуален развој, а ако сакате да го постигнете тоа, овие 5 трикови ќе ви бидат од голема корист.

Трикови за поттикнување на интелектуалниот развој кај децата

 

1. Поттикнете ги да научат да жонглираат

Жонглирањето не е многу тешко да се научи ако постои доволна посветеност. Поттикнете го вашето дете да ја совлада оваа вештина со некаква евентуална награда и тоа ќе научи дека со посветеноста доаѓаат резултатите и наградите. Освен тоа, согласно една студија, ќе има и поголема способност за учење затоа што оние кои учеле жонглирање користеле за нијанса поголем процент од мозокот во споредба со оние кои не ја владеат оваа вештина.

2. Нека научат да се качуваат на дрво

Ова ќе ги научи да ги контролираат емоциите и да се соочат со своите стравови. Покрај тоа, меѓу бројните бенефити од престојот во природа, ова ќе го поттикне и креативното размислување во врска со решавањето на проблеми.

3. Научете ги да играат шах

Ќе загубат многу партии пред да ја вкусат првата победа. Ќе сфатат дека од поразот може многу да се научи. Освен тоа, ќе ја тренираат и својата фокусираност на работите.

4. Пофалете ја напорната работа, а не резултатот

Пофалете го додека учи. Кога подоцна ќе ги донесе дома добрите оценки, забележете му дека напорната работа му се исплатела и тоа ќе ја забележи врската меѓу трудот и резултатот. Тоа ќе му го покачи нивото на работна дисциплина.

5. Натерајте ги да ги заработат работите

Ако вашето дете сака нов смартфон, натерајте го да заштеди барем дел од сумата. Ако го научите вашето дете уште од мали нозе да ги заработува работите, брзо ќе ја совлада вештината на одложување на задоволството која е една од клучните одлики на зрелоста. Покрај тоа, ваквите деца секогаш имаат подобри резултати на училиште од своите врсници, а кога ќе пораснат покажуваат посилна волја и истрајност на патот кон успехот.

Слични објави

Трагичната смрт на Лиам Пејн: Што беше пронајдено во собата на поранешниот член на групата One Direction

еспресо

Канје Вест и Бјанка Цензор се разведуваат: Толку од скандалозната љубов

еспресо

(Видео) „Ју вон а пис оф ми“: Јована Јеремиќ проговори на англиски, целиот Интернет ѝ се смее

Еспресо

(ФОТО) Синот на Софија Лорен објави фотографии од дивата: Сите се воодушевени како изгледа 

еспресо

Протече затворското мени на Паф Диди: Шака суви житарки, плескавица од црн грав…

еспресо

(Фото) Георгина Родригез прошета низ Венеција инспирирана од Бјанка Ценсори: Мрежа и шлиц до бутовите

еспресо
Се вчитува....