16.8 C
Скопје
23:55 - 29 септември, 2026

Поради нејзините кучиња беше застрелан, а сега таа го остави на цедило

Во февруари оваа година, Рајан Фишер, шетачот на кучиња на Лејди Гага, беше на дневна прошетка со трите француски булдози на пејачката кога беа нападнати од киднапери.

Рајан се бореше со нив, но тие успеаја да киднапираат две кучиња и да го застрелаат Рајан во градите. Два дена подоцна, кучињата се пронајдени и вратени кај сопственичката.

Повеќе од шест месеци по немилиот настан, Рајан нема средства за нормален живот и сите надежи му се во донациите на луѓето. Тој веќе не работи за Лејди Гага, бидејќи, како што вели, не е најдобар психички и не може да се грижи за кучиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Saint Rocque (@saintrocque)

Го напушти Лос Анџелес и сега му е потребна помош за да собере пари за комбе и да го продолжи своето шестмесечно возење низ државата, со цел „да се опорави емоционално и ментално“.

Затоа отвори фонд за донации на GoFundMe за да собере доволно пари и да си купи трејлер за цел живот.

„Без возила, стан и заштеди – преживеав благодарение на донациите од блиски луѓе, а сега понизно ја барам вашата помош“, напиша тој. Додаде дека не е лесно да се побара вакво нешто, но сфатил дека „со споделување на сопствената ранливост со другите – започнува радикална промена“.

Фото: Инстаграм

Ова барање предизвика лавина коментари и прашања. Многумина се прашуваат зошто неговиот поранешен работодавец, Лејди Гага, не му помогна?

Таа во февруари на својот Инстаграм профил напиша дека му е вечно благодарна и дека тој е нејзиниот херој, па сега се поставува прашањето – кога веќе му е толку благодарна, зошто не му помогне?

Пејачката беше подготвена да понуди 500.000 долари во замена за нејзините кучиња кога беа киднапирани, а многу луѓе бурно реагираа бидејќи не му даде одредена сума на Рајан кој прими куршум поради нив.

Има и такви кои велат дека Рајан заслужува Гага да го финансира до крајот на животот, особено ако се земе предвид дека според некои статистики, таа вреди околу 320 милиони долари.

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....