19:17 - 7 ноември, 2026

(ВИДЕО) БИЗАРНО: Во Романија направиле елка висока 3 метри од вакцини против Ковид

На еден од најголемите пунктови за вакцинација во Романија се појави елка висока три метри, направена од празни шишиња вакцини на Фајзер, пренесува „CDM“.

Дрвото е направено од вкупно 19.000 празни шишиња кои се осветлени со ЛЕД светилки.

Идејата за оваа декорација се родила во март 2021 година, а персоналот на проектот работи од ноември. Персоналот, велат, останувал до два часот по полноќ, по работното време, да ја изработат оваа елка.

вакцина
фото: принтскрин/youtube

„Дрвото што го имаме претежно е направено од шишиња „Фајзер“, кои ги собираме од 1 март 2021 година. Приближно 19.000 шишиња се искористени за да се направи. Долното ниво е направено од „Модерна“ шишиња, а подароците се направени од вакцини „Џонсон и Џонсон“, изјави д-р Раду Кристијан, координатор на центарот за вакцинација.

„Им благодариме на сите што ја примија вакцината овде. На овој начин сакаме да покажеме колку сме благодарни што го избраа нашиот центар да ја примат вакцината, а тоа се 200.000 од нив“, додаде тој.

БОЖИЌ ВО ЊУЈОРК: Најпознатата елка на светот осветлена по две години!

Слични објави

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....