09:54 - 5 декември, 2025

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПРАЗНИЧНИ БРАУНИС КОЛАЧИЊА: Супер идеја за вашите празнични трпези

Мартина Трајаноска

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ НОВОГОДИШНИ ПУТЕР КОЛАЧИЊА: Супер празнична идеја

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни направи празнични браунис колачиња.

„Епа поубав рецепт за браунис не знам дали имам направено. Мислам дека конечно ја погодив точно секоја состојка во количините затоа што колачево се тоооопииии! Плус декорацијава е преслатка. Многу се радувам на празнична атмосфера, среќни лица, подароци под елка, декоративни трпези и семејни собиранки“, вели Мартина.

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ РАФАЕЛО ЧИЗКЕЈК БОМБИЦИ: Вашите омилени десерти во совршен брак на вкусови

Потребни состојки:

  • 1/2 пециво
  • 2 јајца
  • 100гр шеќер
  • 120гр путер/маргарин
  • 120гр брашно
  • 200гр чоколадо

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

Во сад на оган растопете го путерот со чоколадото (јас ставив 150 гр чоколадо за готвење и 50гр црно со 75% какао). Тргнете од оган, додадете ги јајцата и измешајте. Додадете ги и останатите состојки и префрлете ја смесата во плехче 20х20 обложено со хартија за печење и печете 10-15 минути на 200 С.  Користев кафеав шеќер, вие можете и со бел. А доколку и вие како мене немате 20х20 плехче искористете алуминиумска фолија  и направете преграда како на сликите со што ќе ја намалите големината на плехот. Откако ќе го испечете колачето оставете го кратко да се излади и може да го декорирате. Исечете го на парчиња, ставете соленки/квики како уши, и бонитоп бомбончиња како очи и нос. На очињата залепив и по едно топче црн бибер за да се добие по интересен изглед. Верувам ова ќе биде интересно и забавно готвење и за вас и за вашите најмили.

Слични објави

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

Мал сончев зрак води низ облачно небо: Лична приказна на Илина Арсова

msp-admin

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin

Хороскоп за 5 декември: Овните ќе склучат добра зделка, Раковите ќе имаат потешкотии на деловно поле

Еспресо

Српска пејачка далa 300 евра за да биде во шоуто на Цеца Ражнатовиќ, па сурово била измамена

Еспресо
Се вчитува....