23:10 - 7 ноември, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ РАФАЕЛО ЧИЗКЕЈК БОМБИЦИ: Вашите омилени десерти во совршен брак на вкусови

рафаело чизкејк рецепт

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта. Денес Мартина ни направи Рафаело чизкејк бомбици.

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ТАЉАТЕЛИ СО ПИЛЕШКО И ПЕЧУРКИ ВО СОС: Готово за неполни 20 минути

Кокосот како доминатен го дава оној вкус на добро познатите рафаело бомбици, но во комбинација со мелените бисквити и павлаката се добива преубав освежителен и кремаст вкус кој и те како потсеќа на мојот омилен десерт чизкејк, вели мартина.

Потребни состојки:

  • 150 гр кисела павлака
  • 70 гр кокос
  • 40 гр мелени бисквити
  • 2 лажици мед
  • бадеми/лешници

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

Само измешајте ги сите состојки освен бадемите во длабок сад. Наместо мед може да ставите и јаворов сируп или агаве. Оформете бомбици, во средина ставете бадем или лешник и извалкајте ги повторно во кокос.

Од оваа доза излегуваат околу 15тина бомбици, а се прават за не повеќе од 5 минути.

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ВЕГАНСКИ КОЛАЧИЊА ОД САМО 3 СОСТОЈКИ: Се топат во уста!

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....