21:06 - 9 ноември, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Традиционален италијански колач со лимон кој е прослава на цитрусното овошје!

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Васина торта – кралица на тортите уште од 1908 година!

„Амалфи брегот изобилува со плантажи со лимони и како еден од најпознатите производи од лимони е ликерот лимончело“.

Потребни состојки:

За тесто:

  • 250 гр. брашно
  • 1 лажичка сода
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1/2 лажичка сол
  • 190 гр. шеќер
  • 65 гр. грчки јогурт
  • 40 мл. ликер лимончело
  • 2 лажички кора од лимон
  • 60 мл. сок од лимон (2 лимони)
  • 170 гр. стопен путер
  • 3 јајца на собна температура (изматени)

За крем:

  • 400 гр. крем сирење
  • 250 гр. маскарпоне
  • 30 мл. ликер лимончело
  • 250 гр. шеќер во прав

Начин на подготовка:

– Во длабок сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво, содата, солта и шеќерот. Направете дупка во измешаните суви состојќи и додадете ги грчкиот јогурт, лимончелото, кората од лимон, сокот од лимон, стопениот путер и јајцата. Се убаво измешајте, така што ќе добиете потечно тесто. Поделете го тестото на два дела и испечете го во округло тавче на 200 степени 15-20 минути. Откако ќе ги испечете двете теста, оставете ги целосно да се изладат.

– Во меѓувреме подгответе го кремот. Измешајте ги со миксер крем сирењето, маскарпоне, шеќерот во прав и лимончелото, така што ќе добиете густ пенаст крем.

– Со кремот премачкајте го прво едното тесто, па врз него ставете го другото тесто и премачкајте ја целиот колач со остатокот од кремот. Декорирајте со парчиња свеж лимон и оставете го колачот да се лади во фрижидер најмалку 1 час.

*Послужете го со шоља добро кафе или чај.

На здравје и уживајте!

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Карамелизиран печен копан со надкопан во карамел од калинка и портокал

Домашно лимончело:

1. Лимоните убаво измијте ги и излупете ја кората (без белата основа) и ставете ја во тегла заедно со чистиот алкохол. Оставете ја 10 дена во темно.
2. После 10 дена на оган ставете ги водата и шеќерот и мешајте додека не се соединат (да стане како сируп)
3. Процедете го алкололот од лимоните и ставете го во водата и промешајте го неколку минути.
4. Поставете ги во шишиња и оставете ги уште неколку дена (можете и во фрижидер)

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Лазања – Уживајте во прекрасните вкусови на Италија

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....