18:34 - 18 август, 2026

„Работата си е работа“: Поранешен министер од Авганистан работи како доставувач во Германија

Сајед Садаат беше министер за комуникации во авганистанската влада пред да се пресели во Германија минатиот септември во потрага по подобра иднина. Сега е доставувач во Лајпциг.

Тој признава дека некои негови блиски луѓе го критикувале дека почнал да се занимава со ваков тип на работа откако работел во владата две години. Но, за него, како што вели тој, работата е работа. Тој поднесе оставка од функцијата министер во 2018 година.

„Немам за што да се чувствувам виновен“, рече 49-годишниот, стоејќи во портокалова униформа покрај велосипед, пренесува Ројтерс.

Се надевам дека и другите политичари ќе го следат истиот пат, ќе работат со јавноста, а не само да се кријат“, заклучи тој.

Неговата приказна стана особено истакната по хаосот што се разви во Авганистан по преземањето на власта од страна на Талибанците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dünya Bülteni (@dunyabulteni)

Неговото семејство и пријателите исто така сакаат да ја напуштат земјата. Тие се надеваат дека ќе им се придружат на илјадниците цивили на летовите за евакуација или ќе се обидат да најдат други рути.

Садаат се борел да најде работа во Германија што ќе одговара на неговото претходно искуство. Со дипломи за информатика и телекомуникации, Садаат се надевал дека ќе најде работа во сродна област. Но, без познавање на германскиот јазик, вели тој, неговите шанси биле мали.

Јазикот е најважниот дел“, вели Садаат, кој има и британско државјанство. Учи германски четири часа секој ден во училиште за јазици, а потоа започнува шестчасовна смена со доставување оброци.

Првите денови беа возбудливи, но тешки“, раскажува тој, опишувајќи го предизвикот да научиш да возиш велосипед во градскиот сообраќај.

„Колку повеќе излегувате и колку повеќе среќавате луѓе, толку повеќе учите“, заклучи поранешниот министер.

Слични објави

(Фото) По семејниот одмор во Египет — Сара Мејс запеа во розов фустан со пердуви во Крушево

Еспресо

Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Верица Ракочевиќ искрено за поранешните партнери и бракот со 35 години помладиот Вељко

E.A.

(Фото) „Фала ти за сè, мир Божји“: Зои Блаж со сопругот Тадеј и ќеркичката Мариа го посети Острог

Еспресо

(Фото) Мајка и ќерка на заедничко патување – Ѓина Џиновиќ и Мелина уживаат во луксуз на Миконос

Еспресо

Ивона Јо искрено: „Дел од фамилијата не ми зборува зашто се омажив пред да помине една година од смртта на тато“

Еспресо
Се вчитува....