18.8 C
Скопје
11:42 - 19 октомври, 2026

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон размислуваат за преселба: Еве ја локацијата која е во игра

кејт мидлтон принц вилијам

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон наводно планираат да се преселат со своите деца за да бидат што е можно поблиску до кралицата Елизабета Втора, бидејќи преземаат уште поголема одговорност во кралското семејство.

„Кој е планот на принцот Чарлс?“: Децата на принцот Хари и Меган Маркл никогаш нема да добијат кралски титули

Принцот Вилијам и војвотката Кетрин, како што пренесува „Daily Mail“, сериозно размислувале да направат голем чекор за нивното петчлено семејство, кое го сочинуваат принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот.

Семејството во моментов живее помеѓу палатата Кенсингтон во Лондон и Анмер Хол во Норфолк, но тие наводно разгледувале недвижнини вклучувајќи го и Форт Белведер, кој се наоѓа кон јужниот крај на Големиот парк Виндзор.

„Анмер Хол имаше смисла додека Вилијам беше пилот на хеликоптер и беше корисно за Божик во Сандрингам, но всушност тој веќе не го прави тоа. Локацијата е премногу далеку за викендите, така што Виндзор би бил совршен компромис. Тие сега бараат можности во таа област“, рекол еден добро информиран извор.

Исто така, неодамна беше објавено дека 95-годишната кралица Елизабета Втора планира трајно да се насели во Виндзор по враќањето од одморот во Балморал.

Кралицата и нејзиниот покоен сопруг принцот Филип, кој почина во април, го поминаа поголемиот дел од карантините поради глобална пандемија во замокот Виндзор, во близина на принцот Едвард и неговата сопруга Софи и принцот Ендру, и неговата поранешна сопруга, Сара Фергусон.

Братот на Вилијам, принцот Хари и неговата сопруга, војвотката Меган, ја реновираа вилата Фрогмор на имотот Виндзор, но имотот сега го користат принцезата Евгенија и нејзиното семејство, откако Хари и Меган се преселија во Калифорнија минатата година.

Слични објави

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.

Хороскоп за 19 октомври: Лавовите ќе се потпрат на својата интуиција

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova
Се вчитува....