16.8 C
Скопје
05:09 - 20 јуни, 2026

Мајка на четири деца, боледува од липоедем и инспирира: Сакајте се себеси такви какви што сте

хедер џонсон

Кога дознав за мојата состојба, ми беше олеснување. Бев среќна затоа што тогаш престанав да се оптоварувам, вели Хедер која стана модел на социјалните мрежи.

38-годишната Хедер Џонсон од Јужна Каролина е мајка на четири деца, боледува од липоедем – болна состојба која предизвикува абнормална акумулација на маснотии на нозете и рацете, додека стапалата и дланките се поштедени, пишува „Daily Mail“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heather J. (@heatherj.143)

Луѓето кои страдаат од липоедем како Хедер најчесто имаат помал струк и торзо во споредба со рацете, нозете и долниот дел од телото.

Несвесна за нејзината дијагноза, Хедер била на диета со децении, уште од 16-годишна возраст. Меѓутоа, таа влегла во маѓепсаниот круг на губење и зголемување на телесната тежина, па на 31 година имала 192 килограми. Лекарот ја советувал да го оперира желудникот, што го направила и ослабела дури 74 килограми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heather J. (@heatherj.143)

Во последниве години, се држи на 129 килограми. Колковите ѝ се широки 149 сантиметри, половината 99, а обемот на бутот 86 сантиметри.

Прво слушнала за липоедема на социјалните мрежи, а сега е модел за брендови кои имаат за цел да промовираат позитивност и прифаќање различности, а како што вели, и самата ја подига свесноста за нејзината состојба.

„Цел живот сум голема девојка. Дебелината почнав да ја забележувам кога имав шест години и цел живот бев оптоварена со диети“, рекла Хедер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heather J. (@heatherj.143)

„Отсекогаш имав голем задник, големи нозе, мала половина и млитави раце. Кога имав 31 година, имав 192 килограми и ми рекоа дека ако не ослабам, ќе умрам, па имав операција на желудникот“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heather J. (@heatherj.143)

„Кога дознав за мојата состојба, тоа беше олеснување за мене. Бев среќна затоа што тогаш престанав да се оптоварувам“, вели Хедер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heather J. (@heatherj.143)

„Морам да носам облека за компресија за да ми биде удобно да одам, нозете секогаш ми се многу чувствителни на допир, многу лесно се здобивам со модринки, секогаш носам долги ракави бидејќи кожата на надлактицата ми е многу опуштена“, вели таа.

Хедер ги споделува своите секси фотографии на социјалната мрежа Инстаграм каде носи прекрасни фустани, долна облека и бикини со надеж дека на другите луѓе кои страдаат од липоедема ќе им покаже дека се совршени онакви какви што се.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heather J. (@heatherj.143)

„Решив да го прифатам тоа кога сфатив дека тоа сум јас и ако не се сакам себеси, никој друг нема“, вели Хедер, која има над 498 илјади следбеници на „Инстаграм“.

Таа тврди дека секојдневно е преплавена со позитивни коментари од мажи и жени кои велат дека ги инспирирала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heather J. (@heatherj.143)

Нејзиниот профил го привлече вниманието на супермоделите Ешли Греам и Тир Бенкс, кои ја споделија на нивните лични профили на „Инстаграм“.

„Луѓето мора да се сакаат себеси и да запомнат дека се неверојатни и совршени такви какви што се“, заклучува Хедер.

Слични објави

„Кариерата ѝ назадуваше, тоа ѝ влијаеше на психата“ – другарот на Мина Костиќ откри што се случува со пејачката

E.A.

(Фото) Дани на две романтични патувања со сопругот — од дождливата Прага на море

Еспресо

(Фото) Српската џетсетерка на исто место со кралот Чарлс и кралицата Камила: На себе носи ѓердан од 12.000 евра

Еспресо

Маја Шупут откри дали новата песна е посветена на Шиме

Еспресо

Откриено колку пари се вложени во Јаков Јозиновиќ: Пејачот зема убава сума, а менаџерите „дебело“ заработуваат

Еспресо

(Фото) Вистинската елеганција никогаш не поминува незабележано – совршениот фустан ве чека во бутикот „Прагма“

Еспресо
Се вчитува....