10:23 - 17 ноември, 2025

ПАНИКА ВО „ШАНЕЛ“: Комапнијата купува земја за да обезбеди резерви од главната состојка за култниот парфем

шанел

Од модната и козметичка куќа „Шанел“, биле загрижени поради исчезнувањето на се поголем број на цвеќиња што се користат во неговите најпродавани парфеми. Тие купиле уште 100.000 квадратни метри земја на југот на Франција за да обезбедат резерви од јасмин и други цвеќиња.

Луксузната модна група извести дека купиле дополнителни 10 хектари земја недалеку од градот Грас, чија околина е позната по своите цветни полиња. Во партнерство со семејство од тој француски град, куќата на Шанел таму веќе поседува 20 хектари земја.

Во август работниците учествуваат во годинашната жетва на јасмин, клучната состојка во „стогодишниот“ култен парфем Шанел бр.5, создаден од покојната модна дизајнерка и стилска икона Коко Шанел.

На крајот на осумдесеттите години од минатиот век, Шанел постигнала договор со членовите на локалното семејство Мул да одгледуваат пет цвеќиња во областа на општината Пежо, кои се клучни за нејзините парфеми.

Во еден момент, бевме загрижени бидејќи јасмин постепено почна да се произведува во други земји“, рече Оливие Полж за Ројтерс, кој по стапките на неговиот татко во 2013 година, стана главниот „нос“ на Шанел, парфемер и работи во процесот на производство на парфеми, поради што сетилото за мирис мора да негува цел живот.

Полж објаснува дека јасминот што се одгледува во Грас има специфичен мирис. Тој додава дека областа станала центар на цвеќарството и мирисот во 17 век, кога локалните кожари почнале да ги парфимираат своите производи со цел да го изгубат оригиналниот мирис на кожа.

Фабрис Бианш, кој го води производствениот процес за семејството Мул, вели дека пандемијата на коронавирусите не влијаела премногу на бизнисот, бидејќи собирачите можеле да работат на отворено, но тој морал да биде многу внимателен да не се инфицира со вирусот и да го изгуби чувството за мирис.

Слични објави

(Фото) Сузана Гавазова го прегрна Аца Лукас и го нарече вака: Незаборавен викенд за пејачката

Еспресо

(Фото+видео) Славење во домот на Анастасија и Немања Гудељ: „Те молам прости ми, не можам да престанам…“

Еспресо

(Фото) Секси во Опера: Теа Трајковска позираше на необично место во мрежеста облека

Еспресо

(Фото) Мис Универзум Хрватска објави нови фотографии од Тајланд: Луѓето пишуваат: „Одиме на победа!“

Еспресо

(Фото) Ова е мајката на Бојана Скендеровски, пејачката објави посебна приказна за неа

Еспресо

Хороскоп за 17 ноември: Близнаците ќе заработат убави пари, Лавовите ги чека голема работа

Еспресо
Се вчитува....