25.8 C
Скопје
21:51 - 8 септември, 2026

Калиопи сподели ретка опуштена слика од плажа: Дур ветрови ми галат коса…

Калиопи сподели опуштена слика од плажа, без шминка и со мокра коса, како ужива во последните денови од летото.

Таа не откри каде одмара,  но по описот до сликата, вели дека си поминува  рајски. „Дур ветрови ми галат коса, на мене паѓа златна рајска прашина“, напишала Калиопи. Тоа се стихови од нејзинатаб песна „Во земјата на чудата“.

Таа ќе одржи три концерти во Филхармонија, на 14 ноември, на 6 и на 7 декември. Калиопи која е позната по својата природна убавина, на 28 декември ќе наполни 59 години, а минатата година прослави 40 години на сцената и издаде нов албум.

-Преферирам природност, па дури и на овие години коишто ги носам со леснотија. За мене е поважен моментот во фотографијата, бидејќи една насмевка може да засени и најсовршен мејкап или филтер…

Искреноста е сигурно мојата највпечатлива карактеристика што ме одвојува во овој свет преплавен со лажни вредности. Можеби би требало да се обидам во одредени ситуации и со одредени луѓе да не сум до толку транспарентна со своите размисли“, рече Калиопи за Слободен печат.

 

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....