12:48 - 4 август, 2026

Се соблече синот на Лепа Брена: Виктор Живојиновиќ ослабе 70 килограми и сега ужива на јахта во Ровињ

Виктор Живојиновиќ, најмладиот син на балканската ѕвезда Лепа Брена и некогашниот тенисер Боба Живојиновиќ, деновиве одмора во Ровињ заедно со своето друштво. На социјалните мрежи сподели низа фотографии на кои се гледа како плива во морето, се релаксира на јахта и ужива во ручек со морски плодови.

Посетата на Ровињ ја одбележа и традиционалната забава на компанијата Wireless Media Group (WMG), дел од „Weekend Media Festival“. Гостите ги изненади настапот на Лепа Брена, која на сцената ја пречекаа бурни овации. Фановите не застанаа тука – таа вечер се собраа под прозорците на нејзиниот хотел и заедно со неа ги пееја нејзините најголеми хитови.

Фото: Скриншот

Виктор во минатото водеше тешка битка со вишок килограми, кога достигна дури 163 килограми. Со дисциплина, вежбање и промена на навиките во исхраната успеа да ослабе 70 килограми. Како што открија медиумите, за да ги намали тврдокорните наслаги околу стомакот, се подложил и на липосукција.

Лепа Брена во едно интервју призна дека тоа бил еден од најтешките периоди во нејзиниот живот:

– Бобa и јас постојано правевме вечери уште додека децата беа мали, и затоа Виктор стигна до 163 килограми. Многу сум страдала поради тоа. Секогаш кога ќе го погледнев, ми застануваше грутка во грлото. Плачев од страв да не добие дијабетес – откри пејачката.

Семејството Живојиновиќ и ова лето најголемиот дел од времето го минува крстарејќи на својата јахта, каде што заеднички се одмораат и уживаат во морските предели.

Слични објави

Јована Јеремиќ се мажи! Водителката и Тигар ќе се венчаат во манастирот Острог, а прослава на Свети Стефан

Еспресо

Дубровник ѝ годи: Сања Кужет е во врвна форма и по три породувања

Т.Ц.

„Прија нема притисок, а јас кога ќе закажам концерт – влегувам во војна“: Јелена Карлеуша за пеколот што го преживува на естрадата

Еспресо

По најавите за колективна тужба, Дино Мерлин се огласи: „Ќе останат овие…“

Еспресо

Хороскоп за 4 август: Раковите ќе се каат, Скорпиите ќе бидат исклучително привлечни

Еспресо

Неверојатната приказна за тоа како настанала песната од филмот „Кој тоа таму пее?“

Еспресо
Се вчитува....