27.8 C
Скопје
20:07 - 8 септември, 2026

Ја одложија свадбата во Австралија и мораа да се разделат: Водителката од МТВ има филмска љубовна приказна

Не ѝ беше лесно на водителката Спасија Вељановска која мораше да ја одложи свадбата и да се се раздели од сопругот…

Спасија која беше дел од тимот на Македонската радио телевизија, на почетокот од 2021 година се омажи за Џек, македонец кој долги години живее во Австралија.

-Бракот со него ми е најдобрата донесена одлука во животот. Набрзо заминуваме за Бризбејн – Австралија.“, рече водителката тогаш.

Водителката  и нејзиниот сопруг Џеј Грујевски мораа да ја откажат свадбата која со месеци со љубов ја подготвуваа, поради светската пандемија со вирусот Ковид 19“, објави Женски магазин.

Водителката на детската програма „Ѕвон“ на МРТВ , а потоа на емисијата „Урбан Таг“ на ТВ 21, ја добила визата за Австралија само еден ден откако се затворија границите поради ковидот. Потоа, Спасија и Џек не можеа да се видат неколку месеци, а тој станивал во 3 наутро за да разговараат на телефон поради временската разлика.

Спасија со сопругот Џек Фото/ Фејсбук

Нејзиниот план за одење во Австралија по него се пролонгираше, се додека не се отворија границите, па поради тоа и свадбата ја одложија.

-Ме запроси на 29 декември, во неговиот дом, откако му подготвив макарони (кои ми се специјалност), со најубавото прашање кое досега ми било поставено: „Бејб, ќе ми правиш ли макарони целиот живот?“, раскажала водителката.

Таа на Фејсбук се отвори за животот во Австралија и за тоа колку ѝ е тешко да се раздели од нејзиното семејство кога доаѓа во Македонија.

-Се гледаме секоја година, и се повеќе и повеќе боли разделбата. Австралија дали може да те поместиме поблиску до Европа и светот?“, напиша водителката.

Фото/ Фејсбук

Слични објави

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.
Се вчитува....