05:39 - 8 ноември, 2026

(ФОТО) НАЈПОСАКУВАНИТЕ ЕРГЕНИ ГО УКРАДОА ШОУТО: Бред Пит и Бредли Купер го следеа УС Опен

бред пит, бредли купер

Холивудските актери Бред Пит и Бредли Купер го „украдоа“ шоуто откако во неделата беа дел од публиката на финалето на УС Опен на стадионот Артур Еш во Квинс.

Натпреварот помеѓу српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев будно го следеле холивудските ѕвезди.

Купер беше облечен во сина кошула и темно сини панталони, а Пит носеше плава маица со патент, големи очила за сонце, сина маска и тренди бела капа.

бред пит, бредли купер
ФОТО: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Во близина на филмските ѕвезди седеа актерите Рами Малек и Џозеф Мазело, како и ТВ ѕвездата Гејл Кинг и тенисерот Роџер Федерер.

бред пит, бредли купер
Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

За закрепнувањето на Пит во голема мера е заслужен и неговиот колега и долгогодишен пријател Бредли Купер, кој му помогнал да се држи подалеку од алкохолот. Пит во една прилика отворено зборуваше за неговото пријателство со Купер, заблагодарувајќи му се јавно во јануари минатата година.

„Благодарам, Бредли! Бредли само што ја стави својата ќерка на спиење и побрза на овој собир. Морам да нагласам дека денес сум трезен само благодарение на него. Оттогаш, секој ден сум посреќен од претходниот. Тој е вистински пријател и душа од човек. Те сакам и повторно ти благодарам“, во една прилика рече Пит.

бред пит, бредли купер
Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Купер и Пит се познаваат со години и соработувале на голем број проекти. Самиот Купер еднаш призна дека имал проблеми со пороците, кога во младоста експериментирал со опијати.

За потсетување, двајцата актери во моментов се сингл. Тешката борба на Пит со Анџелина Џоли околу старателство над децата, продолжува. Во 2019 година, Купер раскина со својата долгогодишна девојка Ирина Шајк, со која има четиригодишна ќерка.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....