31.1 C
Скопје
15:18 - 20 јуни, 2026

Зошто Шакира се плашела да стапи во брак со Пике? Колумбиската пејачка ја откри причината

Пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике пред два дена потврдија дека се разделуваат по 12 години врска.

„Жал ни е што потврдуваме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, ве молиме почитувајте ја нивната приватност. Ви благодариме на разбирањето – изјавила пејачката, пренесува Дејли Мејл.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)


Иако дојде крајот на љубовната приказна на колумбиската пејачка Шакира и нејзиниот невенчан сопруг фудбалерот Жерар Пике парот ја фасцинираше јавноста повеќе од една деценија како идеален пар. Фановите веруваа дека „тајната состојка“ за нивниот досегашен успех на емотивен план е тоа што пејачката без оглед на големата љубов и двете деца, не сакала официјално да се омажи за шпанскиот фудбалер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

„Да бидам искрена, бракот многу ме плаши. Не сакам тој да ме гледа само како сопруга. Сакам да ме гледа како девојка, љубовница, забрането овошје… Разбирате? Сакам да го држам во неизвесност и да мисли дека се е можно и дека се зависи од однесувањето“, изјави Шакира гостувајќи во една емисија заедно со Пике.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Една од причините поради која популарната Колумбијка се плашeла по вторпат да го изговори судбоносното „да“ сигурно е и големиот проблем кој го имаше за време на разводот од првиот сопруг Антонио де ла Руа. Имено, Антонио најпрвин ја тужеше Шакира за 250 милиони долари, а потоа за уште 100 милиони долари обвинувајќи ја дека успешно ја водел нејзината кариера цела деценија, но кога таа ја прекинала нивната деловна соработка тој претрпел огромни загуби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)


Судот тогаш ги отфрлил сите негови обвинувања, а пејачката и Пике станаа родители на два сина, Милан и Саша.

Да се потсетиме, пејачката и фудбалерот се сретнаа во пролетта 2010 година кога тој беше еден од играчите кои се појавија во спотот за песната „Waka Waka (This Time for South Africa)” која беше официјалната песна на Светското првенство одржано во 2010 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)


Пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике по дванаесет години заеднички живот потврдија дека се разделуваа.

„Жал ни е што потврдуваме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, ве молиме почитувајте ја нивната приватност. Ви благодариме на разбирањето“ – изјавила пејачката, пренесува Дејли Мејл.

Слични објави

(Видео) Ноќевање чини 1.000 евра – Марија Шерифовиќ ги спакува куферите и отиде на оваа луксузна дестинација

Еспресо

Болката не стивнува — таткото на починатата планинарка Калина Велевска потсети на важна приказна за неа

Еспресо

Вака Анастасија Ражнатовиќ ослабе 20 килограми — една работа е клучна, а сега ја откри тајната на својот совршен летен оброк

E.A.

„Можеби се задолжуваат и земаат кредити за да снимат песна“ – Индира Радиќ проговори за естрадата, колегите, снаата Русинка и бракот

E.A.

Дали некогаш сте пробале праски на скара или во салата? Oвие комбинации пријатно ќе ве изненадат

Т.Ц.

Имате проблем да ја исчистите туш-кабината? Пробајте го овој едноставен совет

Т.Ц.
Се вчитува....