10.8 C
Скопје
00:42 - 1 октомври, 2026

Русија поради Лавров им се заканува на Македонија, Црна Гора и Бугарија

Русија би можела да ги отповика амбасадорите на Северна Македонија, Црна Гора и Бугарија поради ситуацијата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави рускиот дипломат Сергеј Орџоникиџе.

„Мислам дека реакцијата треба да биде најостра, бидејќи спречија висок функционер на нашата држава да врши дипломатската должност. Ова е политички чекор на антируска ориентација“, изјави тој за РИА Новости.

принткскрин

Дипломатот не предвидел дали дипломатските односи меѓу Руската Федерација и трите земји би можеле да бидат прекинати, но, коментирајќи ја можноста за отповикување на амбасадорот, рече: „Тоа е сосема веројатно“.

Како што напомена, сегашното колективно одбивање на Бугарија, Црна Гора и Северна Македонија да го пропуштат авионот на Лавров за Србија, „без сомнение не е одлука на трите земји“.

„Со влезот во НАТО, сите три земји сериозно и долгорочно го загубија својот суверенитет, а Европската Унија е само параван за оваа срамна околност“ – додаде, а пренесува данас.ср.

Да потсетиме, министерот за надворешни работи на Русија требаше да го посети Белград во вторник, на 7 јуни, но посетата е одложена откако три земји го забранија прелетувањето на авионот во кој требаше да биде Лавров. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека посетата се откажува.

Откажана посетата на Лавров на Белград; Захарова: „Европа е таа која ја оградува Русија“

Слични објави

Сопругата на Ѓани е во болница поради влошено здравје: „Губи многу крв, претпоставувам дека ќе биде…“

Еспресо

(Фото) „Го виде целото мое тело, те сакам“: Славење во домот на Луна Ѓогани и Марко

Еспресо

(Фото+видео) Таа е единствената Србинка која присуствуваше на Ем-ти-ви наградите: Рамо до рамо со Мадона

Еспресо

Објавени жестоките закани на Ана Николиќ: На колешка ѝ порача дека ќе ја ишиша, на друга дека ќе ѝ го отсече јазикот, а нему дека ќе го спакува во кесички

Еспресо

(Фото) Жељко Бебек се пофали со успехот на ќерката Катарина: „Нашите срца се полни со гордост и среќа“

Еспресо

Убавината на рачната изработка: украсни свеќи со цветни мотиви – уникатен подарок за секоја пригода

Еспресо
Се вчитува....