06:54 - 10 ноември, 2026

(ВИДЕО) Тони Цетински покажа како изгледа по трансплантацијата на коса: Пејачот е видно подмладен

Хрватскиот пејач Тони Цетински пред половина година ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи кога се огласи од приватна клиника за естетска хирургија. Имено, пејачот, како што тогаш изјави, решил да го направи она што долго време го посакувал, поради што заминал на трансплантација на коса.


На 31-ви мај пејачот го прослави својот 53-ти роденден – работно. Тони на својот ден беше посветен на снимање на нова песна во студиото во Загреб. Неговите соработници му приредија роденденско изненадување, па го чекаа со торта со свеќички.

Роденденската прослава не заврши тука бидејќи Тони прославата ја продолжи со сопругата Дубравка во ресторан.


Пејачот на социјалните мрежи објави видео на кое ја дува роденденска свеќа, а притоа и го покажа својот нов изглед по интервенцијата.

Инаку, Тони реши да направи трансплантација на коса на крајот на минатата година. Цетински при интервенцијата објави селфи фотографии.

„Одамна имав желба да одам на трансплантација на коса и среќен сум што поради тоа не морав да патувам надвор од границите на земјата бидејќи докторката и експертот за коса кои се најдобри се наоѓаат во мојата земја“, напиша тогаш Тони.

Фото: Принтскрин / Instagram

Иако на голем дел од следбениците на пејачот им беше мило што Тони конечно си ја исполнил желбата, дел од тогашните коментарите беа и бројни комплименти дека изгледа шармантно и без коса.

„Ти си фаца и без коса“, „Поубави сте природни, без коса“, „Нема потреба од тоа“, се само дел од бројните коментари ос бројните фанови на пејачот

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....