Презгодната италијанска инфлуенсерка на Инстаграм ја следат 326 илјди луѓе, а за италијанските медиуми таа откри дека не и одолеале ниту бројни фудбалери.
„Многумина ми се јавуваат, но не само оние од Италија. Ме бараат преку Инстаграм, ме повикуваат на вечера или бараат бакнеж. Добивам пораки од фудбалери на Манчестер Сити и Баерн. Долга е листата“, призна таа.
Таа откри дека меѓу нејзините обожаватели се наоѓаат и Серхио Агуеро и Жером Боатенг, но италијанските фудбалери не сакаше да ги открие.
„Не би сакала да споменувам имиња, но можам да кажам дека најмногу ги има од фудбалскиот клуб Интер, пет или шест“, вели Флорина.
На прашањето дали меѓу нив е и Мауро Икарди таа одговори негативно.
„Не, тој е добар дечко. Ванда Нара е вистинска среќничка. Тој е згоден, верен и богат“, заклучи таа.