23:42 - 27 ноември, 2026

(ВИДЕО) КАРОЛИНА ЕМОТИВНО ЗА АКИ РАХИМОВСКИ: Тргни и полетај, без страв!

каролина гочева

Веста за смртта на музичката легенда Аки Рахимовски го обви Балканот во црно. Уште во неверување, голем број познати личности и обожаватели од регионот му оддаваат последна почит на социјалните мрежи.

Со длабоко емотивна објава се огласи и нашата пејачка Каролина Гочева која покрај професионалните релации, Аки ѝ бил добар пријател.

АКИ РАХИМОВСКИ ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН ВО ЗАГРЕБ: Со сопругата со години живееле во Словенија

Пејачката на својот инстаграм-профил објави видео од еден од нивните бројни заеднички настапи во минатото.

Гочева со своите пријатели и бројни обожаватели сподели спомен од Умаг од 2008 година каде заедно со Аки Рахимовски го отпеаја нивниот дует „Бела песна“.

„Тргни и полетај, без страв… Сè што ти треба е љубов. За Аки, кој никогаш не застана и никогаш од ништо не се плашеше“, напиша Каролина во описот на видеото.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....