15:30 - 7 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Спремете се за студ „до коски“, еве кои денови!

– Како што претходно најавивме, во текот на следните денови под влијание на МНОГУ СТУДЕНАТА воздушна маса која се спушта од север, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди, локално и подолги. Ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен долж Повардарието. Локално ќе има услови и за сосема слабо провејување на снег- вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Наутро температурите ќе бидат ИСКЛУЧИТЕЛНО НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -4 степени, додека понекаде истите се очекува да се спуштат дури до близу -20 степени. Максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 3 степени. И во Скопскиот регион во текот на сл едните неколку денови времето ќе се задржи променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат до околу 0 степени.

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....