20:38 - 28 ноември, 2026

САКАВ ДА СЕ УБИЈАМ, СЕ ВРАТИВ НА ПОРОЦИТЕ: Пејачката Сиа прозборе за тешкиот период!

сиа

Австралиската пејачка и текстописец Сиа призна дека размислувала за самоубиство откако добила многу критики поради филмот „Music“ кој го објави минатата година.

„Сакав да се убијам. Се вратив на своите пороци, а потоа отидов на рехабилитација“, изјави Сиа во интервју за „New York Times“, пренесува „PAGESIX“.

Имено, јавноста ја осуди бидејќи ја ангажирала својата долгогодишна соработничка Меди Циглер да глуми дете со аутизам. Таа не страда од оваа болест во реалниот живот.

„Се обидов да работам со едно девојче со аутизам и снимањето ѝ беше стресно. Затоа решив да ја изберам Меди“, изјави 46-годишната сиа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sia (@siafurlerfanforever)

Да потсетиме, Сиа пред неколку години отворено зборуваше за борбата против зависноста. Во интервју за „Billboard“ во 2013 година, таа изјави дека порано била зависничка од разни дроги, но и од алкохол. Меѓутоа, во септември 2018 година таа објави дека е „чиста“ осум години.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....