7.8 C
Скопје
06:07 - 27 април, 2024

СЕЗОНА НА ВОДОЛИЈА: Овие три хороскопски знаци ќе имаат среќа, ќе ја спознаат слободата и ќе рушат граници!

водолија

Сезоната на Водолија започна, а истата ни носи нови авантури, но и предизвици и лекции.

Сонцето ќе биде во знакот Водолија од 21 јануари до 20 февруари и ни носи засилена и сосема поинаква енергија од онаа што ја чувствувавме за време на владеењето на Јарецот.

Водолијата е симбол на слободата, знак кој ги руши границите и секој ден доживува нова авантура. Се заштитува и негува себеси, својата душа и принципи, а оваа сила и ентузијазам ќе ја разбуди и кај вас.

ШТО НИКАКО НЕ ТРЕБА ДА ПРАВИТЕ НА РЕТРОГРАДЕН МЕРКУР, до 3. февруари: Златни правила за сите хороскопски знаци!

Водолиите се претставени на два начина: од една страна како срамежливи и смирени, а од друга страна можат да бидат ексцентрични и енергични. Во двата случаи се длабоки мислители кои сакаат да им помагаат на другите луѓе.

Високо интелектуален, ова е знак на огнена независност од која произлегува интуицијата проследена со логика. Двата типа на личност се многу способни да ги видат, без предрасуди, двете страни, што ги прави луѓе кои одлично ги решаваат проблемите.

Иако се многу прилагодени на енергијата што ги опкружува, Водолиите имаат длабока потреба да бидат извесно време сами и далеку од се за да ја обноват својата енергија.

ЛОШИТЕ СТРАНИ НА ХОРОСКОПКИТЕ ЗНАЦИ: Дознајте кои се вашите со кои ги иритирате пријателите или партнерот!

Клучниот збор за овој знак е „имагинација“. Луѓето родени во знакот Водолија можат да видат свет полн со можности и онаму каде што истото не е возможно.

Уран, владеачката планета на Водолијата, има плашлива, нагло и понекогаш агресивна природа, но на Водолијата ѝ дава визионерски квалитети, тие се способни да навлезат во иднината и точно знаат што ќе направат за пет или десет години. Уран им ја дал моќта на брза и лесна трансформација, па затоа се попознати како мислители, прогресивци и хуманисти.

Еве кои знаци на Зодијакот имаат најголема наклонетост од ѕвездите за време на владеењето на Водолија – придружени со добра енергија и среќа.

СРОДНАТА ДУША ЧУКА НА ВРАТА: Овие хороскопски знаци ќе си го најдат сопатникот

Овен

Ова е период на социјално поврзување и стекнување нови пријатели. Изминативе месеци станавте свесни каква е вашата околина. Многу луѓе исчезнаа од вашиот живот со причина, но сега е време за нови познанства и добра енергија. Научивте да се гледате себеси во очите на другите луѓе и сте направиле штит од стрели со токсична енергија. Ослободени од егото, создавате нов круг на луѓе кои внесуваат светлина во вашиот живот, а тоа може позитивно да влијае на вашето поле на љубов.

Рак

Владеењето на Водолија е периодот во 2022 година кој ви носи посебна леснотија и убава енергија. Исчистете ги вашите емотивни обрасци и подгответе се да се ослободите од потиснатите чувства и повторно да ја прифатите слободата. Сонцето во Водолија влијае на вашата осма куќа на приватниот живот и интимноста. Сега се решаваат многу тајни и кармички заплетки. На патот кон ослободувањето и емоционалната детоксикација, ве очекуваат убави промени и изненадувања – прифатете ги.

Водолија

Среќен роденден, драга Водолија! Во овој дел од годината вие сте главна ѕвезда, а светлото Сонце ви носи емпатија и шанса да направите нешто големо и добро. Овој месец, многу Водолии ќе сакаат да се посветат на хуманитарна работа и да сфатат колку ги исполнува да помагаат на другите. Создавањето круг на добри дела е вашата мисија за следниот месец.

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....