00:49 - 28 ноември, 2026

ВЕНЧАНИЦА ОД ФРАНЦИЈА: Сите детали за венчавката на синот на Цеца

Свадбата на Вељко Ражнатовиќ и неговата девојка Богдана Родиќ ќе се одржи летово, а младиот пар ќе ги испочитува сите српски традиции за свадбите.

Тој прво ќе пука во јаболко, а потоа ќе замине во домот на невестата, каде на традиционален начин ќе ја побара својата идна сопруга од нејзините родители.

Како што наведува Курир.рс, Цеца за својата идна снаа нарачала венчаница од Париз. Се очекува на свадбата да бидат поканети најмалку 500 гости.

Менито ќе чини 75 евра по гостин, а ќе има храна за сечиј вкус – и традиционална српска трпеза, но и оброци со риба, вегански, вегетаријански, посна храна, месо, салати.

Се очекува и Цеца да запее на свадбата.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....