01:01 - 8 ноември, 2026

Тина Тарнер – Кралицата на рокенролот наполни 81 година

Кралицата на рокенролот, Тина Тарнер, вчера (26.11.2020) наполни 81 година. Освен што има неверојатни вокални способности, таа поседува енергија со која зрачи секогаш кога ќе застане на сцената. Иако секогаш е насмеана, Тина претрпела многу непријатности во животот.

Profimedia

Тина била жртва на злоставување од страна на поранешниот сопруг Ајк Тарнер, со кого била во брак од 1962 до 1978 година.

Profimedia

Го запознала Ајк во еден ноќен клуб кога имала 19 години и веднаш почнале да соработуваат, а првиот хит „River Deep, Mountain High“ ги искачил високо на топ листите. Но нивната соработка не била идеална.

Profimedia

Ајк почнал да ја малтретира Тина секојдневно и многу често таа завршувала со крв и модринки.

„Ѝ удирав шлаканици на Тина. Без причина ја турнував на земја. Но не ја тепав баш толку како што кажува таа“, признал Ајк.

Profimedia

Додека биле на заедничка турнеја во Далас, Ајк ја претепал. Таа чекала да заспие, а потоа ставила очила за да ги скрие модринките и побегнала со 36 центи во џебот. Се скрила во блискиот мотел и со помош на адвокатот и неговите пријатели отишла во Лос Анџелес.

Ајк тогаш изјавил:„Може да добие сè, само моето име – не!“. Во 2007 година Ајк Тарнер починал од предозираност со кокаин.

Profimedia

Тина никогаш не ги заборавила деновите кога била во буквална смисла на зборот измачувана. Во 1985 година се запознала со музичкиот продуцент Ервин Бах, со кого се регистрирале во 2013 година.

Тина не се плаши од годините и продолжува напред. Пред неколку години изјави: „Педесетите се нови триесетти, а седумдесеттите нови педесетти. Нема правила дека годините ти диктираат како да се облечеш или како да се однесуваш. Престара сум да слушам како и што треба да направам. Сакам сега и тука“.

Profimedia

Пред две години животот ѝ приреди уште еден болен момент – смртта на нејзиниот син Крег.

Тина за себе вели дека е силна жена која го преживеала разводот, но не допуштила тоа да ја скрши и покрај сите животни катастрофи.

Profimedia

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....