16:20 - 7 ноември, 2026

(Фото) Тенисерката Лина Ѓорческа овој пат куферот го спакува за на плажа

Нашата најпозната и најуспешна тенисерка Лина Ѓорческа заслужено замина на одмор. По напорните натпревари и тренинзи коишто ги имаше во текот на оваа година Лина овојпат куферот го спакува за на плажа.

фото: Лина Ѓорческа/ Инстаграм

Тенисерката објави неколку моменти преку преубави фотографии од местото каде што летува  деновиве. Мистично во нејзин стил, таа не открива детали ниту локација, ниту со кого ужива пред морската шир со сончевите зраци.

„Резиме од јулското бегство“,  го насловила Ѓорческа овој преубав албум.

Музичката подлога за овој албум одбрала да биде песната „Џени“ од Оливер Драгоевиќ. Можеби тоа е некоја скриена порака и со тоа покажува дека се наоѓа во некое туристичко место во преубавата Хрватска.

фото: Лина Ѓорческа/ Инстаграм

Во интервју за „Слободен печат“ таа изјави дека ја обожува музиката на Драгоевиќ и дека постојано го слуша посебно пред настап, бидејќи тоа ја опушта.

Тенисерката откри и дека многу ретко има приватно време од кога знае за себе.

– Јас немав детство и тинејџерски денови како секој нормален човек. Пропуштив многу родендени, прослави, забави, еве годинава не успеав да присуствувам на свадбата на мојата најдобра другарка, што не можам да го прежалам. Но, тоа е жртвата доколку се одлучиш да се занимаваш со тенис професионално – вели таа.

фото: Лина Ѓорческа/ Инстаграм

 

За да ја одржи добрата кондиција Ѓорческа многу внимава на храната, а алкохолот за неа е „забрането овошје“, но за време на одморот заслужува една добра здравица.

фото: Лина Ѓорческа/ Инстаграм

Лина оваа година стапна на Вимблдон и со тоа испиша историја во македонскиот тенис. 

фото: Лина Ѓорческа/ Инстаграм
фото: Лина Ѓорческа/ Инстаграм

 

 

 

 

Слични објави

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.
Се вчитува....