Српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ деновиве престојува во Скопје по повод 26. издание на Скопскиот филмски фестивал, а покрај професионалните обврски, најде време и за дружење со своите македонски колеги.
На социјалните мрежи се појави фотографија на која Бјелогрлиќ е во друштво на доајенот на македонското глумиште Петре Арсовски и познатиот драматург Дејан Дуковски.
Тројцата се фотографирале во една од скопските кафеани, уживајќи во опуштена атмосфера и разговор далеку од фестивалските рефлектори.

Бјелогрлиќ беше меѓу гостите на свеченото отворање на Скопскиот филмски фестивал, кое се одржа во средата, на 4 ноември.
Неговото појавување на црвениот тепих привлече внимание, но фотографијата од кафеанското дружење откри и еден понеформален момент од неговиот престој во македонската престолнина.
Покрај дружењето со колегите, Бјелогрлиќ учествува и во фестивалската програма. За 6 ноември беше најавен неговиот втор мастерклас во Клуб МКЦ, на кој ги сподели своите искуства од филмската индустрија.
