19:46 - 8 ноември, 2026

Славниот Чендлер од „Пријатели“ во очајно издание, едвај дишеше и стоеше (ФОТО)

Метју се обидуваше да дојде до здив, додека се потпираше на ѕид. А потоа, веднаш штом влезе во колата, тој посегна по цигара…

Метју Пери (50) изгледа се полошо и полошо и тоа не се само приказни, туку веќе јасно се гледа на фотографиите.

Најновите фотографии за неговата состојба се од пред два дена во Беверли Хилс, пред една деловна зграда. Славниот Чендлер е сликан како едвај стои на нозе и тешко дише.

По него дошла неговата асистентка со цел да му помогне, а тој веднаш штом успеал да влезе во автомобилот запалил цигара.

Меѓутоа, изразот на неговото лице е загрижувачки. Метју Пери изгледа уморно, несреќно, без воопшто енергија.

Да се потсетиме, Метју Пери една цела деценија ја засмејуваше публиката во познатата серија „Пријатели“ која започна да се снима во далечната 1994 година.

Долго време се зборува и дека има проблеми со дрогата и алкохолот. Тој беше и на лекување поради зависноста од апчиња и алкохол, а во едно интервју призна дека воопшто не се сеќава на три години од снимањето на „Пријатели“ поради силните опијати кои ги земал.

Метју некогаш бил зависен од лек кој започнал да го зема поради несреќата на скутер на вода која ја доживеал. Успешно му ги намалувал болките, но со тек на време не можел ниту еден ден да го помине без таблети.

Тој исто така често во јавноста е критикуван и поради неговиот запуштен изглед, а како изгледал точно пред два дена, можете да погледнете во следните фотографии – навистина загрижувачки…

профимедиа
профимедиа
профимедиа

Слични објави

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо
Се вчитува....