23.8 C
Скопје
14:01 - 28 април, 2024

Руските државјани во земјава гласаа на референдумот за уставни измени во Русија (ВИДЕО)

Денеска во руската амбасада во Скопје се одржа гласањето на референдумот за измените на Уставот на Русија, што потенцијално би можеле да му дозволат на претседателот Владимир Путин да остане на власт уште 12 години.

Право на глас на референдумот имаат околу 110 милиони луѓе, а во Амбасадата во Скопје можат да гласаат сите повремени и постојани државјани на Русија.

Доколку се одобрат уставните измени, се отвора патот тој да се кандидира повторно кога неговиот тековен мандат истекува во 2024 година, и повторно во 2030 година.

Според сегашните правила, на Путин му е забрането да бара трет последователен шестгодишен мандат. На референдумот не е потребен минимален одѕив за да биде валиден.

За време на гласањето во руската амбасада во Скопје, уште на самиот влез им се мери температура на гласачите, а најстрого се почитуваат и сите останати мерки за претпазливост и заштита од Ковид-19, како носење на заштитна маска и одржување на потребното растојание.

 

The post Руските државјани во земјава гласаа на референдумот за уставни измени во Русија (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Руските државјани во земјава гласаа на референдумот за уставни измени во Русија (ВИДЕО) was first posted on јули 1, 2020 at 9:15 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....