19:30 - 9 ноември, 2026

Познато под кој реден број ќе настапи Тамара во Тел Авив

Нашата претставничка на Евровизија ќе настапи во втората полуфинална вечер, на 16 мај, под реден број 17.

Во истата полуфинална вечер се Ерменија, Ирска, Молдавија, Швајцарија, Летонија, Романија, Данска, Шведска, Австрија, Хрватска, Малта, Литванија, Русија, Албанија, Норвешка, Холандија и Азербејџан.

На 14 мај ќе се одржи првата полуфинална вечер во која ќе настапат Кипар, Црна Гора, Финска, Полска, Словенија, Чешка, Унгарија, Белорусија, Србија, Белгија, Грузија, Австралија, Исланд, Естонија, Португалија, Грција и на Сан Марино.

Оваа година нема да учествуваат Бугарија и Украина.

Тамара на 7 мај ќе ја има првата проба со песната „Proud“ на сцената на „Експо центарот“ во Тел Авив.  Сценскиот настап се подготвува во консултација со тим од Шведска, а за стајлингот на Тамара ќе се погрижи дизајнерот Александар Ношпал.

Тамара на Евросонг 2019 ќе настапува под името Северна Македонија.

Слични објави

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо
Се вчитува....