01:55 - 7 ноември, 2026

Полусестрата на Меган Маркл ГО РАЗОТКРИ ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА ВОЈВОТКАТА: Во јавноста глуми жртва, приватно НЕ ПРАШУВА ЗА БОЛНИОТ ТАТКО (ВИДЕО)

Саманта Маркл својата отуѓена полусестра Меган Маркл, која се омажи за принцот Хари, ја осуди откако војвотката се пожали дека луѓето ретко прашуваат дали и е добро додека таа се бори со интензивното медиумско внимание.

профимедиа

Саманта ја нападна Меган откако во средата навечер го гледала ITV документарниот филм „Хари и Меган: Африканско патување“, во кое беше вклучено и емотивното интервју во кое Меган низ солзи кажа:

– Не е голем бројот на луѓето кои ме прашуваат дали сум добро.

54-годишната жена од Вирџинија изјави дека не може да верува дека Меган имала „храброст“ да каже таква примедба со оглед на тоа дека таа никогаш не била покрај нивниот татко, Томас Маркл, додека тој во последните години имал сериозни здравствени проблеми.

Profimedia

– Си помислив: Вау, дали таа некогаш го прашала тато дали е добро после двата срцеви удари?, изјави Саманта.

Саманта исто така ја критикуваше Меган бидејќи се жалела на големото негативно влијание на медимите со кои се соочи откако се омажи за Хари во мај 2018 година.

– Точно знаеше што прави, па буквално, го доби тоа што го сакаше. Мислам дека е навистина смешно некој кој е со приватно обезбедување и со приватни авиони и милиони некогаш може да се пожали за било што.

На прашањето за критиката со која се соочила од луѓето кои мислат дека е неправедна кон Меган, Саманта изјави?

– Да се зборува вистината не е зло.

Саманта имаше една убава работа да каже за својата сестра кога ја прашаа за бебето Арчи.

– Пресладок е. Личи на Хари, изјави таа напоменувајќи дека таа на документарецот го видела прв пат убаво, на претходните слики делумно бил сокриен.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....