22:28 - 7 ноември, 2026

Паника во кралското семејство: Децата изолирани поради коронавирусот!

Паниката околу коронавирусот го зафати и британското кралско семејство. Четворица ученици од училиштето кое го посетуваат принцот Џорџ и принцезата Шарлота од неодамна се ставени во изолација, под сомнение дека се заразени.

Токму тие деца неодамна биле на скијање во Северна Италија, а двајца ученици се вратиле со симптоми кои укажуваат на грип.

Децата се испратени дома и се чекаат резултатите од тестирањето, додека во Велика Британија досега се затворени околу 30 училишта поради страв од ширење на коронавирусот.

„Како и сите училишта, така и ние еднакво сериозно ги сфаќаме потенцијалните ризици од ширењето на коронавирусот и ги следиме сите упатства и препораки од надлежните институции за превенција од зараза“, стои во официјалното соопштение на училиштето кое го посетуваат принцот Џорџ и принцезата Шарлота.

Фото: Профимедиа

„Моментално имаме мал број на ученици кои се тестирани и тие се наоѓаат дома, водејќи се по советите кои ги добивме од Владата. Децата ги чекаат резултатите од тестирањето“, се додава во соопштението.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....