22:04 - 6 ноември, 2026

Карлеуша во стилот на Џенифер Лопез: Пејачката во секси издание повторно го привлече вниманието кај јавноста (ФОТО)

Популарната пејачка Јелена Карлеуша на снимањето на емисијата „Ѕвезде Гранде“, се појави во бомбастично издание, а поради нејзиниот изглед на многумина кои се наоѓаа до неа не им беше сеедно.

Јелена носеше комбинезон од модната марка „Версаче“, а и во оваа прилика повторно до израз дојдеа нејзините големи гради.

Кога се појави пред студиото сите погледи беа вперени во преубавата пејачка, која и овојпат не ја пропушти шансата да се појави во оригинален стајлинг.

View this post on Instagram

Hello there ??

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Косата и беше врзана, а околу вратот Карлеуша носеше марама, исто така со марка „Версаче“.

Нејзината фризура ги воодушеви сите нејзини фанови, бидејќи пејачката пред околу 10 години преферираше сличен стил. 

За потсетување, во слично „Версаче“ издание неодамна можевме да ја видеме и неверојатната Џенифер Лопез, која се појави во ваков стил по повод 20-годишнината од постоењето на споменатата луксузна модна куќа.

Деколтето кое во таа прилика го истакна Џеј Ло, речиси е исто со она што сега го покажа Јелена Карлеуша.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....