26.8 C
Скопје
13:38 - 11 мај, 2026

Оркестарот Калуш го продаде евровизискиот победнички трофеј: Сите пари од продажбата ќе бидат наменети за помош на украинската армија

Оркестарот Калуш победи на Изборот за песна на Евровизија 2022 година, претставувајќи ја Украина, со песната „Стефанија“, песна посветена на сите украински мајки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KALUSH (@kalush.official)


Песната „Стефанија“ , составена од микс од рап стихови со фолк и хип хоп ритам, се базира на вистинските животни приказни. Со оваа песна, украинскиот бенд ги освои сцената и срцата на публиката на Евровизија 2022 година – со својата уникатна мелодија и со своите важни пораки. Со своето учество на натпреварот, Калуш станаа лицето и гласот на нацијата која минува низ тешки и трогателни времиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KALUSH (@kalush.official)


Изминативе денови со концерт пред Бранденбуршката порта во Берлин, музичките ѕвезди од Украина собираа донации за својата татковина каде речиси 100 дена беснее војна. Меѓу настапувачите беа и евровизиските победници „Калуш оркестра“.Околу 15.000 луѓе го следеа донаторскиот музички маратон вчеравечер во центарот на Берлин, соопштија организаторите и полицијата. Концертот под мотото „Save Ukraine – #StopWar“ беше во живо пренесуван од страна на украинските телевизиски канали, но и од страна на телевизии од други земји. Меѓу другите, на музичкото шоу настапи и украинскиот победник на годинешниот Избор на песна на Евровизија, „Оркестарот Калуш“ . Притоа, бендот објави дека на аукција го продал победничкиот трофеј од овогодинешниот Евросонг за 900 илјади американски долари. Овие пари, според бендот, ќе бидат наменети за помош на украинската армија, која ја брани нивната татковина од руската инвазија. За време на музичкото шоу беа прикажани видео пораки од бројни меѓународни познати личности и политичари, вклучувајќи го и германскиот канцеларт Олаф Шолц. Тој во обраќањето уште еднаш го увери народот на Украина во солидарноста на Германија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KALUSH (@kalush.official)

„Пријатели, вие сте неверојатни! Благодарни сме на секој од вас што донираше средства за оваа аукција, а особено на тимот на Whitebit кој го купи трофејот за 900.000 долари и сега стана негов сопственик. Претплатете се на нив, тие навистина го заслужуваат тоа. Слава на Украина! Слава на вооружените сили на Украина“, објавено е на Фејсбук профилот на оваа група, пренесува „Укринформ“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KALUSH (@kalush.official)

Слични објави

Бугарските ѕвезди Галена и Преслава ги „закопаа секирите“ – повторно се неразделни

Е.А.

(Фото) Сестра ѝ на Јелена Спенџарска е вљубеничка во природата: „Среќно семејство од 6 члена“

Еспресо

„Дали ни треба уште еден тест“: Марија и Бојан од „Ај кју“ објавија среќна вест, добија бројни честитки

Еспресо

(Фото) Ужива на Бали — снаата на Теодора Џехверовиќ позираше во минијатурно бикини

Еспресо

Хороскоп за 11 мај: Близнаците ги очекува одлична дружба, Лавовите ќе се покажат во полн сјај

Еспресо

Има само 18 години, а веќе ги полни клубовите: Младата хрватска пејачка изгледа сензационално

Т.Ц.
Се вчитува....