6.8 C
Скопје
04:02 - 19 октомври, 2026

НЕ ИМ СЕ ДОПАДНАЛЕ СЕДИШТАТА: Претставниците на Исланд ќе поднесуваат жалби до Израел

Контроверзниот бенд од Исланд, Хатари, кој привлече внимание на Евровизија со настапот, но и со знамињата на Палестина, по враќањето дома ќе поднесува жалба до израелската авиокомпанија „Ел Ал“.

Членовите на Хатари се уверени дека намерно им биле доделени најлошите места во авионот со кој го напуштиле Тел Авив по финалето на Евровизија. Тие сметаат дека тоа била мала одмазда од организаторите поради нивното јавно покажување на транспарентите со палестинското знаме.

Според менаџерот на Хатари, скандалозно било што бендот ги добил седиштата назад во авионот, каде, како што тврди, најмногу се чувствуваат турбуленциите. Тој исто така најавил дека ќе поднесе и жалба до авиокомпанијата, најпрво неофицијална, а доколку не добие извинување, ќе се обрати и формално.

Во меѓувреме, јавноста во Израел уште е револтирана од тоа што Хатари тивко протестираа со палестинското знаме во моментот кога им беа доделени гласовите од телевоутингот. Всушност, тие многупати биле предупредувани поради коментарите поврзани со израелската окупација на Палестина, дури им се заканувало и дисквалификување. Поради тоа Хатари не коментирале ништо пред полуфиналето и финалето, но го искористија моментот кога се чекаше само завршницата за да го дадат крајниот удар.

Истовремено, на интернет се потпишуваат две петиции – една за дисквалификување на Исланд, а друга за дисквалификување на Израел од Евровизија 2020, што ќе се одржи во Холандија.

Исланд со провокација на Евросонг, обезбедувањето веднаш реагираше (ФОТО+ВИДЕО)

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....