21:57 - 7 ноември, 2026

Лејди Гага „се отвори“ пред Опра: На 19 години бев силувана повеќе пати, докторите ме одржуваат во живот (ВИДЕО)

Пејачката си ја отвори душата пред јавноста, а многумина по нејзиниот говор останаа со отворена уста…

Лејди Гага „се отвори“ пред Опра Винфри и 15.000 луѓе и откри како повеќе пати била силувана на 19 години, поради што страда од посттрауматско стресно нарушување.

Пејачката и повремена актерка во искреното интервју во „2020 Vision: Your Life in Focus“ на славната водителка проговори за траумите кои и го одбележале животот. Гага на Опра и признала дека се бори со хронична болка, признавајќи и дека чувствува болка и во текот на нивниот разговор. Својата болка и ја препиша на фибромиалгијата, пореметување кое предизвикува болки во мускулите и коските.

„Целото тело започна да ми трне и започнав да врескам, бев во болница“, изјави Гага која отворено зборуваше и за силувањето од некој кој ја познавал кога имала само 19 години. Вели дека поради тоа трауматично искуство таа има посттрауматско стресно нарушување, кое и денес и создава бројни психички проблеми и кое и до денес се уште не го надминала.

Таа говореше и за важноста за грижата за менталното здравје, односот со Купер, но и многу други теми, каде што призна дека доктори ја оддржуваат во живот, а сето тоа можете да го погледнете во следното видео.

Опра Винфри и Лејди Гага на крајот имаа и емотивна средба во бекстејџот.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....