17.8 C
Скопје
12:55 - 26 април, 2024

(ИНТЕРВЈУ) СО„ДАСКА“ СЕ ОСВОЈУВААТ ПЛАНИНИ: Инструкторот Марјан Милованов препорачува да се препуштите на магијата и возбудата на сноубординг

Ако некогаш постоеја само санките и скиите, сега на голема врата стигнаа „даските“…

За зимскиот спорт – сноубординг има сè поголем интерес на нашите планини. А за тоа како да го научиме, разговаравме со инструкторот Марјан Милованов од Битола.

Марјан Милованов е млад урбан лик кој покрај својата пасија за спортот, сака да патува, да запознaва нови култури и да освојува нови хоризонти. Тој избира да поминува повеќе време во природа, а за планината вели дека му е „најголема љубов“. Програмирањето е всушност неговата вистинска професија и на која е целосно посветен. Според него, 29 години се одлична цифра за започување на нови животни предизвици и планови, насочување на истите и крунисување на веќе постоечките со победа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marjan Milovanov (@tribordd)

Зошто одлучи да се посветиш на сноубординг? Дали нешто посебно те влечеше за спортот и како го научи?

– Поради адреналинот во големи дози што го нуди и екстремноста на истиот се одлучив да се посветам на сноубордингот, а ме влечеше поради тоа што во тоа време не беше толку во експанзија и желбата да пробам нешто ново. Бидејќи тогаш спортот не беше актуелен, бев принуден воведот да го направам сам и да ги совладам вештините благодарение на мојата истрајност, волја и упорност.

Каков предизвик е станувањето „сноубордер“ и на која возраст треба да се почне и дали има возраст на која „ич не треба да се почнува“?

– Претставува голем предизвик и е потребно трпение за да се соовладаат вештините во овој спорт. Нема конкретно определена возраст за започнување бидејќи тоа е индивидуално, мојот најмлад ученик е на 4-годишна возраст и е пример и инспирација за сите оние коишто сакаат да се занимаваат со овој спорт. И додека постои силна желба и волја, секако и физичка подготвеност, годините се само бројка. И ме радува тоа што интересот секоја година е сè поголем, без оглед на возраста на луѓето што сакаат да се занимаваат со сноубординг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marjan Milovanov (@tribordd)

Каква опрема е потребна за овој спорт, дали е лесно да се набави и колку „удира по џеб“?

– Покрај даска и чизми за даска, потребна е и соодветна облека и заштитна опрема(кацига). Би рекол дека во денешно време е лесно да се набави опрема, бидејќи има голем избор на интернет на половна опрема која е достапна за секого, но исто така има и неколку продавници од каде што може да се набави нова посолидна опрема која што е поскапа и удира повеќе по џеб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marjan Milovanov (@tribordd)

Кои се ваши препораки за стази и центри во регионот, на кои можат да се освојуваат планини со „даска“?

– Имаме добри ски центри низ нашата држава, кои се надевам во иднина ќе нудаат подобри услови за овој спорт, но за поискусните сноубордери со подобри вештини треба да се освојуваат повисоки врвови.

Дали црпите инспирација од некој и дали имате спортски идоли?

– Најголема инспирација ми е успехот на моите ученици, а насмевката на нивните лица ми е најголема награда. Како спортски идоли би го издвоил сноубордерите Шон Вајт и Тревис Рајс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marjan Milovanov (@tribordd)

Што би ги советувале ентузијастите кои сакаат да почнат да учат?

– Да си набават соодветна опрема, доколку имаат волја. Пред сè, да почнат да учат што е можно поскоро, да бидат истрајни, да имаат желба за напредок и секако солиден инструктор. И да им се препуштат на магијата и возбудата што ги нуди овој спорт.

(ФОТО) АНДРЕЈ ГОНЕВ, РИЦ(С)АР НÈ ЗАПОЗНАВА СО МИСТЕРИОЗНИОТ КАРАКТЕР НА РИСОТ: Свесни сме дека пред наши очи се соочуваме со истребување на рисот!

Слични објави

Не е добра ситуацијата: Плановите за погреб на кралот Чарлс Трети постојано се ажурираат

еспресо

(Фото) Раста има посебен гостин во болница: Не сака да се експонира

еспресо

Пејачка почина среде концерт, се сопнала од фустанот: Фатален удар на главата

еспресо

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо
Се вчитува....