07:59 - 29 ноември, 2026

ФОТО: Том Круз 14 години по разводот со Кејти Холмс конечно повторно заљубен? Еве која е жената која успеа да го освои!

Странските медиуми пренесуваат дека Том Круз е во врска со 20 години помладата актерка Хајли Атвел, со која глуми во најновото продолжение на „Невозможна мисија“ чие снимање е во тек.

Странските медиуми постојано пишуваат дека Том и Хајли се неразделни уште од првиот ден.

Тоа е голема вест со оглед на тоа што Том од 2012 година не бил во сериозна врска откако се разведе од колешката Кејти Холмс, со која ја има 14-годишната ќерка Сури, додека 38-годишната Хајли неодамна се разделила од еден британски доктор.

Фото: Профимедиа

„Том и Хајли се заљубени од првиот ден. Карантинот и сите потешкотии кои дојдоа со него уште повеќе ги зближија и тие не се одвојуваат еден од друг“. Тие се состануваа по работното време, а таа живее во близина на неговиот лондонски стан. Одлично се согласуваат и изгледа дека и двајцата се многу среќни“, изјави анонимниот извор за „The Sun“.

Том пред бракот со Кејти Холмс беше оженет со Никол Кидман од 1990 до 2000 година и беа еден од најмоќните холивудски парови. Тие заедно ги посвоија денес 25-годишниот син Конор и 27-годишната черка Изабела, а децата поради Том го прифатија верувањето во Скиентолошката црква во која и тој самиот припаѓа.

Фото: Профимедиа

Првата жена со која Том Круз беше во брак е исто така актерка, Мими Роџер, со која се венчаше во 1987 година, а се разведоа три години подоцна и наводно таа го вовела во Скиентологијата, на која тој и остана и до ден денес верен.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....