09:55 - 9 ноември, 2026

(ФОТО) ПО ЧЕТВРТАТА ОПЕРАЦИЈА КОНЕЧНО ДОМА: Александра Шијакоска посилна од кога било!

Македонската модна блогерка Александра Шијакоска неодамна ја извести јавноста дека ѝ откриле тумор на главата и дека поради нејзината здравствена состојба нема да биде присутна на социјалните мрежи каде има нешто повеќе од 50 илјади следбеници.


Иако на почетокот требаше да биде извршена само една операција како што беа и очекувањата на Александра и беа избршени дури 4 операции за краток временски период.

По долгите денови поминати во болница Шијакоска празничните денови ги помина во својот дом опружена со своите најсакани и секако посилна од кога било:

„Една од омилените работи во болница ми беше да нарачувам работи кои не сум сигурна дека ќе има кога да ги носам. Оделото си го нарачав уште првиот пат со надеж дека ќе го носам штом си одам дома и штом сум подобра.

Иако сè се одложи за месец-два се надевам дека доаѓаат подобри времиња.

Доколку ја носам косата на едната страна не се познава каде немам коса. Значи ова ми е новата фризура. Во лицето сум отечена како бумбар, од сите лекарства, терапии, успивања, па ова е новата поза. Пуста желба за слика.

А кога ќе видам колку сум сакана и кој сè имам во животот многу ми се живее. Многу сакам овојпат да сум подобро и да е сè во ред.

Знам дека ме чека долг пат и дека никогаш нема да биде исто, ме чекаат многу прегледи, магнетни, надгледување на ситуацијата, ама овојпат ќе бидам многу посилна и поспремна на сè.“ – напиша блогерката во описот на фотографиите.

Блогерката објави и прекрасно видео од својот дом во велигденско руво.

Слични објави

(Фото+видео) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо
Се вчитува....