17.8 C
Скопје
15:09 - 18 октомври, 2026

(ФОТО) ОД ГЛАВА ДО ПЕТИ ВО ЦРВЕНО: Елена – „Живот со стил“ и нејзиниот партнер ја славеа нивната љубов!

Вистинско уживање е да се следи профилот на нашата водителка, инфлуенсерка и продуцентка, Елена Стефановска, позната и како Елена – „Живот со стил“, по името на нејзината емисија.

Елена на својот инстаграм – профил секојдневно споделува интересни фотографии, како од прекрасните дестинации кои ги посетува, така и од моментите поминати со своите пријатели, семејството и нејзиниот партнер.

Стефановска ја започна годината со понуда за брак. Таа и нејзиниот партнер Бојан Најдоски за новогодишните празници отпатуваа во Москва и токму таму Елена го кажа судбоносното „Да”.

На својот инстаграм – прифил Елена се пофали со вереникиот прстен со пет дијаманти во форма на круна.


Набрзо по враќањето од Москва, Елена и Бојан организираа прекрасна прослава на која се славеше нивната голема љубов.

Елена со своите бројни фанови сподели моменти од прославата и радоста со која таа и Бојан ја споделија со своите најсакани.


Иако на почетокот нивната врска се одвиваше далеку од очите на јавноста, Елена повеќе не ја крие љубовта која ја чувствува за својот вереник и постојано ги радува своите фанови со заедни фотографии.

По повод Денот на љубовта, вљубениот пар реши да го прослави овој ден со еден познат скопски ресторан. Бидејќи и двајцата се познати како вистински хедонисти, денот го поминаа уживајќи во врвни специјалитети и добро вино.

Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

Водителката по повод Денот на љубовта и виното беше совршено стилизирана во светкав црвен костим, елегантни чевли на висока потпетица и чанта во црвена боја. Особено внимание ни привлече и маникирот на Стефановска кој беше во нежна беж боја збогатен со мали црвени срценца. Од глава до пети до црвено!

Им посакуваме секој ден да ја слават нивната љубов!

Слични објави

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.
Се вчитува....