22:49 - 30 јули, 2026

Режисерот Таика Ваити го откри почетокот на продукцијата за филмот „Thor: Love and Thunder“

Таика Ваити откри како во август ќе почне продукцијата на четвртиот филм за Тор, пишуваат radiotimes.com.

„Thor: Love and Thunder“ е негов втор проект за куќата на Марвел, после успешниот филм „Ragnarok“ од 2017 година.

Откако оваа недела со филмот „JoJo Rabbit“ беше номиниран во 6 категории за наградата Оскар, вклучувајќи ја и онаа за најдобар филм, пред него се големи очекувања и предизвици за потврда на квалитетот.

„Love and Thunder“ во кината доаѓа во 2021 година. Крис Хемсворт и Теса Томсон ќе ги повторат улогите, а се зборува и за големото враќање на Натали Портман, која глумеше во првите два продолжетоци.

Исто така, режисерот напорно работи и не би требал да се плаши од поголеми неуспеси. Неодамна ја заврши работата на „Next Goal Wins“ со Мајкл Фасбендер во главната улога и наскоро ќе можеме фа го гледаме во овој спортски филм.

Слични објави

Темната страна на култниот филм „Казабланка“: Снимањата биле ноќна мора поради однесувањето на еден до актерите

Еспресо

Тројански коњ во природна големина, импресивна актерска постава… Сè што можеби не сте знаеле за филмот „Одисеја“

Т.Ц.

(Видео) Рејчел Мекадамс уживаше во кафуле во Белград — што бара актерката во Србија?

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) – Како чоколадите на Жилиет Бинош во филмот „Чоколада“ ги омекнаа и најтврдокорните срца

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо
Се вчитува....