21:03 - 27 ноември, 2026

Џенифер Лопез „се отвори“ во емисијата на Опра Винфри: Помалку сум разочарана што не бев номинирана за Оскар!

По неколку месеци приказни и промоции поврзани за филмот „Hustlers“, Џенифер Лопез изјави дека е помалку разочарана бидејќи не беше номинирана за Оскар за својата улога во ова остварување, пренесува магазинот „Пипл“.

Оваа 50-годишна ѕвезда својот став на оваа тема го изнесе за време на гостувањето во емисијата на славната Опра Винфри во саботата навечер.

– Добив многу пофалби за улогата во тој филм. Вусшност, многу повеќе од кога било досега. Потоа ги читав текстовите и размислував: О Боже, зарем ова навистина се случува? Сепак, и покрај пофалбите не бев номинирана за Оскар, па тоа беше помалку разочарувачки за мене – изјави познатата актерка и пејачка.

Лопез, која за улогата на стриптизерка во „Hustlers“ доби неколку други важни номинации, како онаа на Златните глобуси, објасни дека се чувствува како да ги разочарала луѓето кои ја следат нејзината работа во текот на изминатите години.

–Но, тоа не е така. Немој така да зборуваш – гласеше кратката реплика на Опра Винфри, на што Лопез и објасни дека сепак еден период чувствувала разочараност, иако подоцна сфатила дека не и е потребна уште една награда за да се почувствува дека вреди. 

Слични објави

(Фото) Новак Ѓоковиќ се појавува во новиот филм за Фокерови – ја дели сцената со Роберт де Ниро и други холивудски ѕвезди

Т.Ц.

(Видео) „Викенд на мртовци“ бил поголем кинохит во Скопје од „Кум“ и од филмовите со Лепа Брена: Игор Џамбазов сподели анегдоти од снимањето на култната македонска комедија

Еспресо

За Ноќта на вештерките — балкански хорор-филмови што ќе ве натераат да спиете со запалено светло

К.С.

Безвременската „Јовано, Јованке“ и Петре Прличко во „Солунските атентатори“ – сцена што не се заборава

Т.Ц.

Сашенка Тодоровска сподели детали за „Солунски патрдии“, претставата за Цанде и Фатима чии реплики се знаат наизуст до ден денес

Еспресо

Темната страна на култниот филм „Казабланка“: Снимањата биле ноќна мора поради однесувањето на еден до актерите

Еспресо
Се вчитува....