11.8 C
Скопје
21:34 - 28 март, 2024

Бети Вајт откри како да доживеете стотка

Бети Вајт денес го слави 98-от роденден, а пред седум години таа влезе во Гинисовата книга на рекорди како актерка со најдолга кариера.

Таа глуми веќе 78 години. Далечната 1939 година се вработила во радио бидејќи на аудициите ја одбивале со изговор дека не била фотогенична. Дури во осумдесетите се оствари со улогата во серијата „Златни девојки“.

Бети најмногу ја прашуваат за тајната на долгиот живот, а таа секогаш го кажува својот малку необичен рецепт.

– Не појадувам, за ручек јадам сендвичи. Обожувам хот дог и и пржени компирчиња, а сето тоа го залевам со диетална кока кола. Секоја вечер пијам по една часа вотка, а повеќе од тоа пијам единствено кога ќе сум во друштво со пријателите, вели Бети, која ужива во фактот дека се уште е вработена.

Бети Вајт на почетокот на кариерата, профимедиа

Кога не е во телевизиското студио или на сетот на некоја серија, Бети волонтира во зоолошката градина во Лос Анџелес.

Освен што работи со полна пареа, јаде и пие што сака, но вели дека за нејзионот долг живот е заслужен и оптимизмот.

– Знам дека звучи чукнато, но секогаш настојувам да ја видам смешната страна на се што е добро и лошо. Брзо ми здосадуваат луѓето кои постојано се жалат на се, тоа е губење на време, изјави актерката.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....