25.8 C
Скопје
09:52 - 20 август, 2026

ЏЕЈМИ ЛИ КЕТРИС ѝ го честиташе роденденот на својата ТРАНСРОДОВА ЌЕРКА

Холивудската ѕвезда со овогодинешната номинација за „Еми“, Џејми Ли Кертис, во неделата и посака на својата посвоена трансродова ќерка Руби Грејман Гост среќен 26-ти роденден со коментар за „дискриминаторско и неправедно“ антитрансродово законодавство.

„Како горд родител на мојата трансродова ќерка, ветувам дека ќе ја искористам мојата слобода на говор и моето право на глас за да го поддржам моето дете и сите деца кои се обидуваат да живеат слободно како што се“, напишала 63-годишната актерка на своите социјални медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lee Curtis (@curtisleejamie)

„Испраќам поддршка на сите транс – семејства низ Соединетите држави кои во моментов се цел на конзервативните законодавни тела. Оваа земја е родена слободна. Тоа е длабоко едноставна идеја дека секој што живее овде треба да има слобода да сонува и да го постигне она што го сака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Freeda (@freeda_en)

Како одговор, нејзината ќерка објави: „Мајка ми ме поддржуваше докрај откако открив дека сум трансродова. Ја сакам многу. Има сојузници за – транс заедницата насекаде. Само треба да ги бараш“ – напиша Руби.

Руби е родена како Томас, а својот идентитет и го откри на јавноста во 2020 година. Минатата година Кертис призна дека таа и нејзиниот сопруг со кој е заедно скоро 37 години, добитникот на Еми, Кристофер Гест, сè уште повремено прават грешки и ја нарекуваат Руби со нејзиното поранешно име.

Таа објасни како се навикнала на промената

„Зборуваш нов јазик. Тоа е учење нова терминологија и зборови. Јас сум нова во тоа. Не сум некоја што се преправа дека знае многу за тоа. И ќе оплескам, ќе правам грешки. Би сакала да се обидам да се избегнат големи грешки“, изјави актерката за „People“. „Малку успоруваш. Стануваш малку посвесен за тоа што го кажуваш. Како го кажуваш тоа. Сè уште се плеткаш. Денеска двапати се збркав. Ние сме луѓе“ – истакната таа.

 

 

Слични објави

Маја Шупут на одмор во Грција – пејачката позираше покрај базен во минијатурно бикини

Еспресо

Дневен хороскоп за 20 август: Внимателно изберете со кого ќе го поминете времето

apostolova

(Видео) „Пукна тиквата“: Девојката му раскина на Душко Тошиќ поради роденденот на Јелена Карлеуша

Еспресо

35 години „Косоока“: Дарио среде Куманово го запеа хитот кој не старее

Еспресо

(Фото) Сопругата на Биковиќ и ќерката на Чолиќ уживаа во ноќно излегување – се појавија во атрактивни модни комбинации

Еспресо

(Фото) Посебен ден во домот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Мајка му објави досега невидена фотографија од него

Еспресо
Се вчитува....