22:30 - 9 ноември, 2026

Том Круз се враќа на голема врата со сите почести: НЕ САМО „Топ Ган Маверик“, туку и почесна вечер за Круз на Канскиот филмски фестивал! 

Изминативе денови се зборуваше за можно излегување од конкуренција на филмот „Топ Ган Маверик“ од престижниот Кански фестивал, но сега, освен што може да се потврди проекцијата на филмот на големиот филмски настан, може да се каже и дека глумецот Том Круз се враќа на голема врата со сите почести!

Всушност, потврдено е дека покрај специјалната проекција на „Top Gun Maverick“ што ќе се одржи на 18 мај за време на Канскиот филмски фестивал, Том Круз ќе биде и почесен гостин на Фестивалот, а филмот лично ќе го претстави во Palais des Festivals.

Вечерта ќе започне со специјално оддавање чест на актерот/продуцентот и неговата славна филмска кариера, точно триесет години подоцна од денот кога Круз присуствуваше на 45-тата церемонија на затворањето на Канскиот фестивал, со  филмот „Far and Away“ на Рон Хауард на 18 мај 1992 година.

Да потсетиме дека Paramount Pictures премиерно ќе го емитува филмот Top Gun: Maverick на 25 мај во Франција и 27 мај во САД, додека италијанското издание закажано за 26 мај. Официјалниот состав на 75-тото издание на Канскиот филмски фестивал ќе биде објавен на 14-ти април.

Инаку, филмот е продолжение на култниот филм „Топ Ган“, а подготвен е за промоција четири години по почетокот на снимањето, официјално започнато на 31 мај 2018 година.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....