12.8 C
Скопје
11:10 - 25 април, 2024

Зоран ја напуштил Италијанската академија за пици за во Македонија да отвори своја: „Ако некој сака да научи како се прави пица, ќе ме најде каде и да сум“

Во улога на ментор на македонски и српски натпреварувачи, но и во улога на судија, пица-мајсторот Зоран Јовановски ќе учествува на Светскиот шампионат во правење пица, кој во април ќе се одржи во главниот град на Италија.

Пред 10 години станав инструктор на Италијанската академија за пици, но одлучив да се вратам во Македонија и да отворам академија во која ќе ги обучувам сите што се заинтересирани да ја научат тајната на подготовка на добра пица. Фото – приватна архива

Роден Македонец, Зоран Јовановски е еден од најдобрите пица мајстори во Европа. Тој е човекот кој својот занает го научил надвор од Македонија, но решил да го пренесе со отворање на најпозната академија за пица мајстори кај нас, Академија „Пицајоли Мачедониа“ (Accademia Pizzaioli Macedonia), која од Македонска Каменица ја пресели во Кочани. Во улога на ментор на македонски и српски натпреварувачи, оваа година Зоран ќе учествува на Светскиот шампионат во правење пица, кој во месец април ќе се одржи во Рим, Италија.

– За мене најголемо достигнување во мојата кариера е самата покана од Италија да бидам дел од тоа натпреварување, да бидам судија, воедно ќе бидам и ментор на македонскиот и на српскиот тим. Момците се ученици на Академијата, а на 25-26 април ќе учествуваат заедно со околу 250 пица мајстори од целиот свет. Дејан Трајанов Чеде, Синиша Чамџиќ и Хисен Таири ќе се натпреварува во три категории – Пица Наполетана, Пица Класика и Мистери Бокс – вели Зоран.

Од фудбалер во млади години, до светски познат и признаен пица мајстор

– Роден сум во Македонска Каменица и како и сите други деца, едни играа ракомет, други фудбал. Ги поминав сите фудбалски категории во ФК Саса. Но, не се чувствував комотно во таа средина, сакав да го видам светот, да патувам и многу случајно почнав да работам со пици, во Италија, Шведска, Норвешка, на Крит, така и почна мојата кариера. Пред 10 години станав инструктор на Италијанската академија за пици, но одлучив да се вратам во Македонија и да отворам академија во која ќе ги обучувам сите кои се заинтересирани да ја научат тајната на подготовката на добра пица.

Пред две години тој ја отвори Академијата во Македонска Каменица, а подоцна се пресели во Кочани, каде што живее и работи со семејството.

– Во Македонска Каменица отворивме ресторан, па имаше место и за Академијата. Ако некој сака да научи како се прави пица, ќе ме најде каде и да сум – уверен е тој.

Внукот Максимилијан е причината поради која Зоран се вратил во Македонија. Си рекол „каде ќе одам по светот, сакам да си бидам со внукот во негова близина“, и не жали за таа одлука.

Академијата работи со полна пареа со учество на студенти од целиот Балкан и пошироко, а доаѓаат и наши деца кои живеат во Италија. Отворена е академија и во Шведска, а годинава, поради голем интерес ќе се отвори и третата академија во Белград. Има голем интерес, но и побарувачка за пица мајстори.

– Во Академијата кај нас доаѓаат најразлични профили на луѓе, дури и поранешни директори на фирми, професори, доктори, камионџии, адвокати. Обучивме и студенти со оштетен говор и слух, сопственици на првото знаковно кафуле кое прво се отвори во Скопје, а подоцна се пресели во Битола – објаснува Зоран.

Обуката трае пет дена, односно 40 часа, а учениците, дури и тие кои првпат фаќаат тесто во рака, третиот ден веќе имаат насмевка на лицето. Но, ако го прашате Зоран која е тајната за совршено подготвено тесто за пица, тој ќе ви каже „Нема добра пица без петтата состојка – страст“.

 

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Раста се огласи од болница, мора итно на операција: „На безобразните им посакувам исто да ги снајде“

еспресо

Се огласи сопругата на Никола Роквиќ: „И ние тргнуваме на пат за Грција…“

еспресо

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо

(Фото) Никола Роквиќ запеа со уличен музичар: „Патот е секогаш посреќен со песна!“

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо
Се вчитува....